Јасно е дека наставниците слушаат генијални изговори секој ден и обично не се задоволни од нив. Сепак, некои смешни изговори од ученици што не ги завршиле домашните задачи ќе останат запаметени цел живот.
Охрабрен од ова, еден редит-корисник побарал од наставниците да ги откријат најсмешните изговори што ги слушнале од своите ученици. Ви нудиме неколку:
1. Еден од моите ученици тврдеше дека не може да напише домашна затоа што неговата баба му го зела учебникот. Тоа му била казната бидејќи ја украл дрвената нога на бабата.
2. Еден ученик ми рече дека кучето му ја изело домашната задача. Задачата беше објавена на интернет.

3. Мачката ми го изеде лаптопот.
4. Еден ученик ми рече дека одлучил да не направи домашна задача затоа што Маите предвидувале дека ќе дојде крај на светот, така што заклучил дека не би имал проблеми на училиште ако се случи тоа.
5. Еден од моите ученици ми рече дека неговата мачка се омачила на домашната задача и потоа ми испрати фотографија од целото легло на мачиња на еден куп чаршафи.
6. Еден ученик петпати ми рече дека ја изгубил домашната задача бегајќи од куче што го бркало кога си одело дома.
И на крај, вистинска приказна што е толку смешно бизарна што ќе сфатите зошто наставникот не му поверувал на ученикот:
7. Мојот син еднаш не можеше да предаде домашна задача бидејќи патка влезе во нашата кујна, испаничи и седна на масата. Но, и покрај паниката, патката забележа неколку оризови колачиња и почна да ги јаде, прскајќи со млеко и житарици по целата домашна на мојот син. Потоа ја зеде страницата од домашната работа што беше покриена со житарки и одлета со неа.