Неодамна на „Фејсбук“ неколку наставници одлучија да ги споделат најлошите примери за ужини што учениците ги носеле на училиште. Некои од приказните се навистина неверојатни.

Еден наставник раскажува дека ученик од основното училиште во Халифакс донел за ужина месо и пиво бидејќи тоа било единственото нешто што го нашол во фрижидерот.

Друг отишол со лименка енергетски пијалак и пакетче чипс. Тој ѝ објаснил на наставничката дека ја поминал ноќта играјќи игри, па мајка му му рекла да земе нешто што ќе го расони.

Наставничка од Лидс раскажува дека нејзиниот ученик кој дошол со пакетче кекси рекол дека неговата мајка е „премногу уморна за да оди до продавница“.

Момче од основно училиште од Бирмингем се појавило со ладен помфрит и плескавица. Неговата баба рекла дека оброкот бил купен претходниот ден, па било штета да се фрли.

На прашањето од наставничката зошто едно момче не носи ништо за појадок, тоа ѝ одговорило дека веќе јадело житарки со вода бидејќи на неговата мајка ѝ требало млекото за да си направи кафе.

– Не се срамам да кажам дека заплакав кога го слушнав тоа – вели наставничката.

Извор



912

X