Гарет Талкот, наставник на деца од предучилишна возраст во Вашингтон, стана прилично популарен на социјалните мрежи благодарение на тик-ток видео на кое ги носи учениците на виртуелна екскурзија во зоолошка градина.
– Учиме нешто ново, пријателчиња – им вели 31-годишниот Талкот на своите 28 ученици преку лаптопот за време на лекција за пингвините, која ја одржувал во зоолошката градина во „Вудленд парк“ близу Сиетл.
Видеото покажува како Талкот шета низ паркот за диви животни, учејќи ги учениците, кои седат дома, за природните живеалишта на егзотичните животни од целиот свет.
Shoutout to this teacher that took his Kindergarten class on a virtual field trip to the zoo.
— My car updates. (@iMDRW) March 22, 2021
Teachers are SO underpaid. pic.twitter.com/cyj8OCiXnB
– Ова е одлично патување – вели едно возбудено учениче додека Талкот ги носеше вирутелно децата од гнездото на носорогот, до дувлото на орангутанот.
Watch on TikTok
– Наставниците не добиваат доволно плата. Ова е толку слатко, децата сигурно беа многу возбудени – напиша еден корисник на „Тик-ток“ во коментар под видеото.
– Навистина го почитувам тоа што вложивте голем напор, но сум тажен што децата не можат целосно да го доживеат патувањето и мораат да го гледаат преку екран – пишува друг корисник.
На тоа, Талкот под видеото напиша: – Учениците навистина го сакаа патувањето – тоа беше изненадување и взаемно интерактивно искуство. Во живо е идеално, но нив и така им се допадна.
Неколку дена пред да ги однесе на виртуелан прошетка, Талкот ги однесе децата на виртуелно возење со луда железница.
Во прекрасно соопштение до сите деца кои и понатаму учат на далечина, како последица од пандемијата, Талкот охрабрувачки ги потсети учениците: – Вие сте важни. Вашите наставници се грижат за вас. Вие сте иднината.