Игротека

Наставничка воодушевува со мотивирачките пораки што им ги праќа на учениците пред тест

Учениците од трето одделение во основното училиште „Франклин“ во Санта Барбара воопшто не се нервозни пред тест. Нивната наставничка Кејти Бусер нашла совршен начин да ги релаксира и мотивира.

Пред секој тест Бусер ги охрабрува децата да повторуваат мотивирачки пораки заедно со неа, а тоа им помага да изградат самодоверба.

– Верувам во себе.

– Верувам дека можам.

– Верувам дека ќе дадам сѐ од себе.

– Верувам дека сум супер.

– Пенкалата во воздух.

– Јас сум силен.

– Јас сум паметен.

– Јас сум способен.

– Јас сум математичар.

– Ќе го положам овој тест. Подготви се, сега!

Бусер го објави видеото на „Инстаграм“ и објасни зошто смета дека овој пристап е важен.

– Мотивирачките зборови се важни затоа што така го менуваме разговорот. И што е најважно, кога го правиме тоа со деца од најрана возраст, нашиот свет станува подобро место – пишува таа.

Многу луѓе ѝ честитаа и ѝ кажаа дека е родена за оваа професија, и ѝ се заблагодарија што ги охрабрува децата.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top