Наставниците влијаат не само врз образованието на децата, туку и врз нивното воспитување. Со оглед на тоа што во текот на кариерата се среќаваат со многу различни деца, но и родители, нивните зборови треба да се земат предвид кога станува збор за воспитувањето.
По неколку децении кариера, една пензионирана наставничка открива која е најголемата грешка што ја прават родителите, а нејзиниот одговор на „Тик-ток“ го споделила нејзината ќерка Елена.
„Тие не уживаат во нив“, рекла наставничката, а кога нејзината ќерка ја замолила да објасни повеќе за тоа, таа рекла: „Децата се забавни. Мора да уживате во нив“, додавајќи дека родителите често сакаат нивните деца да бидат нешто што не се наместо да уживаат во малечките што ги имаат, такви какви што се.
Потоа оваа пензионирана учителка се врти кон својата ќерка и со насмевка ѝ вели: „Уживав во тебе“.
Оваа „лекција“ за родителите изгледа многу едноставна, но навистина е многу, многу важна – многу е важно мајките и татковците да ги прифатат своите деца во вистинска смисла на зборот, да ги сакаат такви какви што се и да не се обидуваат да ги променат.
Експертите се согласуваат, а родителите…
Многу експерти се согласуваат со советот на оваа учителка, а тоа го покажале со искажување на своите ставови на социјалните мрежи.
Иако е точно дека родителите се зафатени и исцрпени, можеби зборовите на оваа наставничка треба да ни послужат како потсетник на сите вистински да уживаме во нашите деца малку повеќе, во хаосот, смеата, предизвиците и сето она што го носи со себе нивното воспитување.