Игротека

Наставничка објаснува зошто планира своите деца да ги школува дома

Емили Бјут, наставничка која работи со деца со посебни потреби во државно училиште, покрена дебата на „Тил-ток“ откако објави дека планира своите деца да ги школува дома. Во видеото што стана вирално таа објасни дека јавните училишта во моментов не можат да понудат образование какво што таа го посакува за своите деца.

Зошто школување дома?

– За школување дома размислувам поради искуството што го имам како наставничка, но и поради она што го покажуваат истражувањата за тоа како децата најдобро учат. Сакам да нагласам дека длабоко го почитувам државното образование и наставниците што работат во него, ова е мое лично мислење, а не критика на моето училиште, округот или колегите – изјави Бјут.

– Истражувањата постојано покажуваат дека децата имаат корист од помали групи, индивидуализирана настава и силни, стабилни односи со возрасните. А и покрај тоа, одделенијата се сè поголеми, а од наставниците се очекува да покријат многу различни образовни и емоционални потреби и тоа со ограничено време и ресурси – додава таа.

@islandspedteacher Why I will be homeschooling my own kids one day as a current certified teacher. #homeschool #homeschooling #homeschoollife #homeschoolers #educationsystem ♬ original sound – islandspedteacher

Предизвиците на традиционалниот систем

Бјут додаде дека поради недостиг на кадар, многу наставници мораат да предаваат предмети за кои не се соодветно обучени.

– Тоа не е вина на наставниците, туку на образовниот систем. Но може да влијае врз континуитетот и квалитетот на наставата, особено кај помалите ученици – објасни таа.

Според неа, традиционалните училишта често се фокусирани на стандардизирани тестови, однапред зададено темпо на обработка на материјалот и наставна програма што не остава доволно простор за практично и искуствено учење.

– Не постои еден пристап што одговара на сите. Децата се развиваат со различна брзина и најдобро напредуваат кога наставата може да биде флексибилна и приспособена на нив. За мене, школувањето дома значи можност да забавам, да го приспособам учењето на потребите на детето и да ставам акцент на љубопитноста, движењето, престојот во природа и искуствата од реалниот живот со цврсти основи на знаење – додаде таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top