Изгубив нерви денес. Дојдов до најниската точка во моето однесување, не сум горда на тоа, дури сум и засрамена. Таа дупка во ѕидот? Тоа е од мене. Таа играчка што ја држам? Да, ја фрлив во ѕидот додека плачев. Среде утринскиот хаос со мало дете и втораче, изгледаше како торнадо да го погодило нашиот подрум. Почнав да плачам и да им викам на моите деца и да барам да ме остават на мир. Како што чистев, солзите се претвораа во липтање и едноставно фрустрацијата го презеде кормилото. Ја фрлив играчката кон ѕидот и ја гледав како се крши на подот.
Солзите продолжија да паѓаат додека седев покрај ѕидот, шокирана што изгубив контрола. Тежината на светот конечно падна над мене. Откако држев сè во себе во последните 8 и нешто месеци, моите емоции веќе ја покажаа својата лоша страна.
Стотици денови прибраност избувнаа за само неколку секунди.
Како родители, даваме сè од себе. Станавме мајки што седат дома, надгледуваат онлајн-следење настава и се обидуваат да ги извршат типичните задачи и обврски, додека многумина од нас имаат и кариери. Како што седев потпрена на ѕидот, гледав наоколу низ играчките.
Јас сум родител, но сепак во тој момент сè што сакав беше мојата мајка. Како што се влошуваше пандемијата, сè повеќе бев под стрес и бев тажна.
Тажна што моите родители не си ги виделе внучињата цела година. Тажна што спортските активности кои на ќерка ми ѝ дадоа чувство на нормалност се прекинаа поради растечкиот број на заразени. Тажна затоа што ќерка ми не влегла во училиште уште од март, а јас се прашувам и дали воопшто ќе зачекори таму до крајот на годината. И чувствувам тага комбинирана со вина додека гледа наоколу на светот. Толку сум благодарна што имам работа, што сум здрава, но многумина други ја немаат таа среќа.
фото: Стејси Скрајсек/ Facebook
Па зошто го споделувам овој мој момент на слабост?
Бидејќи дупката на ѕидот претставува многумина од нас – тоа е симболично избувнување по месеци неверојатен притисок кој сите го чувствуваме.
Дупката на ѕидот ќе се пополни и израмни. Со текот на времето ќе биде средена и ќе изгледа како ништо да не се случило. И ние ќе стигнеме до таа точка. Можеби не утре, или за 3 месеци, но со текот на времето – животот повторно ќе ни се врати како нов.
Автор: Стејси Скрајсек