Воспитување

Наскоро ќе престанат да ја бараат вашата рака, да ве влечат за да изградите куќа од коцки…

Го вклучувате компјутерот и се внесувате во него. Детето ве повикува да си играте, како и секогаш – во незгоден момент. Ви досадува со некои неважни работи. Тоа ве лути. „Како не можеш да разбереш, имам важна работа… Оди таму, остави ме, не досадувај ми…“
Ќе поминат неколку години и овие зборови ќе ви се вратат како бумеранг, во моментот кога вам најмногу ќе ви значи да поразговарате со вашето дете, едноставно да бидете заедно. Бумеранг.

Не постои цртан филм, ниту дадилка, ниту баба, ниту учителка што може да го замени родителот. Мајката и таткото се најважните луѓе во животот на едно дете. Тоа чувствува потреба за вас, токму сега.

И тоа нема да трае долго – децата брзо растат. Наскоро ќе престане да ја бара вашата рака, да ве влече за да градите куќа со коцки, да играте фудбал, да готвите заедно… Детето ќе создаде свој свет во кој нема да има простор за вас. И кога ќе го повикате, нема да го видите среќното лице, туку гримаса „што сакаш сега од мене?“ Бумеранг.
Искрено, дали вашето дете додека го читате овој текст е пред екранот? О да, така е најзгодно! Погледајте си малку телевизија, забавувајте се, одморете се малку од тие здодевни прашања, не пречете… ќе помине некоја година и ќе се зачудите на истите зборови. Бумеранг.

Ќе поминат неколку години и ќе ги слушнете истите зборови. Бумеранг.
На крајот сè ќе помине… Кариерата, дружењето, важните работи. Само ќе остане семејството. Вашето семејство и вашите деца.
Исклучете го компјутерот. Работата нека почека. Прегрнете го детето. Разговарајте. Кажете му дека го сакате.
Сè е така едноставно. Еве го – бумеранг на љубовта и среќата.

Поврзани написи

To top