„Светот на Биби“ исполнет со многу играчки, сликовници, боенки, друштвени игри и облеки со омилените ликови на децата доаѓа поблиску до нас.
Производите инспирирани од македонскиот цртан „Светот на Биби“ веќе се достапни во неколку градови низ Македонија. Во Скопје може да ги најдете во Градскиот трговски центар и во Аеродром. Од следниот месец доаѓаат поблиску и до другарчињата во Карпош. Најновата продавница ќе биде во Трговскиот центар Лептокарија.
Секако, производите и понатаму се достапни за сите деца преку е-продавницата svetotnabibi.mk! Се радуваме на идните дружби со Биби, Боби, Даро, Зина, Зази и целата дружина. Со нив, покрај децата, уживаат и родителите.
Се гледаме во Лептокарија, Јееј!
912