Воспитување

Насилство од наставници врз ученици, меѓуврсничко и сајбер-насилство… Кои се знаците и како да се спречи, објаснува проф д-р Ана Фрицханд


Насилството врз децата, меѓуврсничкото насилство, сајбер-насилството… се теми за кои во јавноста постојано треба да се дебатира. Што велат за тоа психолозите, каде грешат родителите, како можат да се спречат или превенираат ваквите состојби и појави

Деновиве се соочуваме со појава на неколку видови насилство кај децата. Најново е насилството од наставник кон ученик во училиште во скопската населба Бутел, а неодамна бевме сведоци на случај на вид насилство во извидничко друштво со вклучени малолетници, посветен на сексуалното образование. Двата случаи предизвикаа остри реакции во јавноста и ја отворија темата колку сериозно се пристапува на вакви и слични настани и какви сè последици можат да имаат децата ако произволно и нестручно се постапува во вакви ситуации. Насилството врз децата, меѓуврсничкото насилство, сајбер-насилството се теми за кои во јавноста постојано треба да се дебатира.

Што велат за тоа психолозите, каде грешат родителите, како можат да се спречат или превенираат ваквите состојби и појави?
За таа цел, разговараме со професорката и доктор по психолошки науки Ана Фрицханд од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет од Скопје, која потенцира дека неретко постојат големи индивидуални разлики во психолошката резилиентност и во емоционалната зрелост, особено во периодите на детството и адолесценцијата, од кои зависи начинот на кој различни содржини и/или активности можат да се рефлектираат врз психичката добросостојба на лицата во овие развојни периоди.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк

Поврзани написи

To top