Воспитување

„Нашминкај се и носи голема чанта“ – упатства од ќерката за мајката кога ќе дојде во училиште

Кога децата го слават роденденот, некако се подразбира дека тој ден тие се на пиедесталот. Често ги поставуваме на тој врв, што знаеме дека не е добро, но на родендените е сепак малку поинаку, поочигледно, без каење кај родителите. И тогаш сме навистина подготвени да им угодиме во сè. Па, тој еден ден навистина не е тешко да се преживее.

Во најголем дел, нивното „владеење“ е подносливо и нема драматични желби кои можат да ве исфрлат од колосек, особено затоа што знаете дека секој има право да биде малку екстравагантен на својот роденден. Овие барања, се разбира, се разликуваат од дете до дете, а зависат и од возраста на детето. Но, едно 10-годишно девојче достигнало сосема ново ниво. Имено, таа на мајка ѝ ѝ дала многу конкретни упатства за тоа што треба да облече кога доаѓа кај неа на училиште, за прославата на нејзиниот роденден, на часовите.

Корисничката на платформата X“ ги споделила барањата на нејзината ќерка за тоа како таа треба да изгледа кога ќе отиде на училиште кај ќерка си. Мајката направила скриншот од пораките на својата ќерка, која е 4. одделение. Иако на почетокот многумина реагирале со смеа, откако ја прочитале, сфатиле дека овие пораки воопшто не се смешни.

-Сакам да ја облечеш таа перика што ја имаше за роденден минатата година, да се нашминкаш, но да изгледаш чисто и да ја донесеш својата голема чанта. И облечи фармерки и маица со долги ракави и стави некои обетки. И навиткај ја периката – напишала ќерка ѝ.

Молам?! Навистина е смешно бидејќи знаеме дека меѓу нас има само неколку кои до оваа мера би слушале точно што им се кажува и така би се однесувале. Најчесто, многу мајки се смеат на вакво нешто, а подоцна тоа им го покажуваат на своите пријатели, прашувајќи се дали навистина има мајки кои ги задоволуваат ваквите желби. Но, она што веднаш паѓа на ум кога ќе видите вакво нешто е следната мисла:

-Колку безобразно!

-Да, ќерка ми ми даде многу строги упатства за тоа како да се појавам на училиште на нејзиниот роденден. Ве молам, помогнете ми!

Во следната објава, мајката покажала уште еден скриншот со наслов „О Боже, има уште.“

Имено, ќерката се премислила што треба да облече кога таа ќе дојде на училиште. Фармерки и маичка, се чини, не доаѓало предвид.

-Сакам да носиш црн фустан што изгледа слатко и бели потпетици или нешто што изгледа слатко. И не како да се 2000-тите или нешто слично, мамо. Сега е 2024 година.

Затоа што, напишала ќерката, таа и мајка ѝ треба да зрачат со истата енергија. И затоа сакала мајка ѝ да е впечатлива во нејзината облека, бидејќи таа ќе има екстензии (или нешто слично) во косата, па тие две „само треба да ја усогласат енергијата“.

Факт е дека ваквото однесување е многу грубо и покажува непочитување.

Една студија спроведена во 2015 година покажала дека децата кои покажуваат вакво грубо однесување во детството во голем процент стануваат груби возрасни луѓе, кои не знаат како да се однесуваат учтиво. За жал, игнорирањето на ова однесување може само да ги влоши работите. Можеби е смешно, но всушност е опасно и иритирачко ако го погледнеме од друг агол.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top