Игротека

Учете ги децата за роднините. Идеи за семејно стебло

Колку знаат вашите деца за своето семејство? Колку знаат за бабите, дедовците, тетките, чичковците… за родителите на нивната баба? Направете семејно стебло и на забавен начин раскажувајте им приказни за историјата на вашето семејство.
Децата ќе дознаат за своето семејство, ќе научат за врските меѓу членовите и ќе стекнат сознанија за своите корени.
Еве неколку предлози како да направите семејно дрво со своите деца.

Креативно дрво

Со помош на колаж-хартија направете дрво. Исечете мали стикери на кои ќе ги нацртате членовите на семејството. Залепете ги на дрвото и под секој стикер напишете го името.

3Д-семејно дрво

На ролната од хартиен бришач исечете мали отвори. Гранките направете ги од стапчиња од сладолед или направете слични од картон. На крајот од стапчињата од колаж-хартија направете лисја на кои ќе ги напишете имињата на членовите на семејството. Стапчињата ставете ги во отворите од ролната.

Семејно дрво со листови на преклоп

Од колаж-хартија направете стебло. Исечете ги лисјата на преклоп. Внатре залепете фотографија, а на надворешната страна напишете го името. Поставете ги лисјата на дрвото.

Семејно дрво во чаша


Наполнете со песок пластична чаша и забодете гранка во неа. На гранката закачете разнобојни лисја на кои ќе ги напишете имињата на членовите на семејството.

Фото-стебло

На стебло направено од колаж-хартија залепете исечени фотографии од членовите на семејството и поврзете ги со фломастер.

Лего-стебло


Од лего-коцки направете стебло на кое ќе ставите картички со фотографии и имиња на членовите на семејството.

Стебло на дланка


Нацртајте дрво и на гранките залепете дланки направени од колаж-хартија. Прстите може да послужат за да го разграните семејното дрво.

Фото: Пинтерес

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top