Воспитувањето дете воопшто не е едноставна задача, а брзиот развој на технологијата не им олеснува на родителите.

Родителите го сакаат најдоброто за своите деца и се трудат да им овозможат еден ден да бидат успешни и среќни возрасни личности.

Како што објаснуваат психолозите од „Харвард“, секој развива свои методи за родителство во дигиталната ера, а понекогаш фокусот на стиловите на воспитување може да ја засени суштината на она на што навистина треба да се фокусираат родителите.

Затоа, психолозите ги проучувале основните принципи на родителството. Велат дека многу од нив се сведуваат на тоа да ги научат децата на добрина и емпатија.

Еве шест принципи за кои веруваат дека се клучни за воспитување деца:

  • Поминување квалитетно време со детето;
  • Отворена и искрена комуникација;
  • Учење на детето самостојно да решава проблеми;
  • Учење како да се справи со негативните емоции;
  • Учење како детето да биде благодарно и да има емпатија кон другите;
  • Поддржување на сите интереси на детето.

Извор



912

X