Врската помеѓу мајката и ќерката е уникатна и не може лесно да се изрази со зборови, но овие цитати може да бидат најблиску до тоа.
– Кога сте мајка, никогаш не сте вистински сами. Мајката секогаш мора да размислува двапати, еднаш за себе и еднаш за своето дете – Софија Лорен.
– Имаше моменти, во средно училиште и основно, кога немав многу пријатели. Но, мајка ми секогаш ми беше пријателка. Секогаш – Тејлор Свифт.
– Односот помеѓу родителите и децата, а особено помеѓу мајките и ќерките, е неверојатно моќен и тешко може да се разбере на рационален начин ― Џојс Керол Оутс.
– Секое утро ја учам мојата ќерка: „Сега, кои се двата најважни дела од тебе?“ И таа вели: „Мојата глава и моето срце“ – Вајола Дејвис.
– Мојата ќерка е мојот најголем успех. Таа е мала ѕвезда и мојот живот се промени на подобро откако се појави – Денис ван Аутен.
– Колку повеќе детали знае за животот на својата мајка… толку е посилна ќерката ― Аните Диамант.
– Мајките се најдинамичната и највлијателна сила во развојот на младата жена на нејзиниот пат да стане своја – Хилари Л. Мајкбрајд.
– Да се има ќерка е како да следам стар мапа на богатства со уништени важни патишта – Хитер Гуденкоф.
– Кога некој ќе те праша од каде доаѓаш, одговорот е од твојата мајка. … Кога твојата мајка ќе замине, ќе го изгубиш своето минато. Тоа е многу повеќе од љубов. Дури и кога нема љубов, тоа е многу повеќе од што било друго во твојот живот. Јас ја сакав мојата мајка, но не знаев колку ја сакам додека не замина – Ана Квиндлен.
– Богатството на мајката е нејзината ќерка – Кетрин Пулсифер.
– Да ја опишам мојата мајка би било како да пишувам за ураган во неговата совршена моќ – Маја Ангелу.
– Понекогаш силата на мајчинството е поголема од природните закони – Барбара Кингсолнер.
– Дали сите капки од океанот би биле доволни да ја опишат љубовта на мајката? – Шах Асад Ризви.

– Мајките се растенија кои го шират својот мирис за да сакаат, лечат и да водат – Камар Рафик.
– Можеби влегов во кожата што мојата мајка ја остави зад себе и станав девојката што мајка ми била, онаа што сè уште сакала да биде – Лора Касишке.
– Мојата мајка ме учеше дека умот на жената треба да биде најубавиот дел од неa – Соња Теклаи.
– Мајка ми постојано ми повторуваше две работи. Едната беше да бидам дама, а другата беше да бидам независна – Рут Бидер Гинсбург.
– Еден од најважните односи што ќе ги имаме е оној што го имаме со нашите мајки – Ијанла Ванзант.
– Додека не сфатиш дека твојата мајка била во право, имаш ќерка која мисли дека ти грешиш – Сада Малхотра.
– Не постои начин да бидеш совршена мајка, но постојат милиони начини да бидеш добра мајка – Џил Черчил.
912