Љубовта, бракот, децата, бабите и дедовците, сестрите, сето тоа се теми што писателот Душко Радовиќ ги опфатил со своите зборови, од убави и трогателни, до духовити. Тој беше волшебник со пишаните зборови и ден-денес неговите цитати нè наведуваат да се насмееме, да почувствуваме нешто и да размислиме за тоа како да станеме подобри и посреќни луѓе.
1. Немојте да живеете 100 години, бидејќи децата тогаш ќе ви имаат по 70 и 80 години и дури тогаш нема да знаете што да правите со нив.
2. Блазе си им на бабите и дедовците што имаат внуци, тешко нам што имаме деца!
3. Поубаво е да се биде нечија баба отколку само баба.
4. Вчера еден родител извика на родителскиот состанок – дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум јас!
5. Мајки, раѓајте им на децата сестри, бидејќи сестрите стануваат тетки, а тетките се најубав, незаменлив подарок на секое детство.
6. Сакајте ги своите деца и кога се виновни бидејќи животот ќе ги казнува и кога не се.
7. Има голема сиромаштија меѓу нашите деца, на кои освен пари, родителите ништо не можеле да им дадат.
8. Тешко е да се биде дете и да се биде добар.
9. Ако ги решите сите проблеми на своите деца, тие нема да имаат друг проблем, освен вас.
10. Законот вели дека мажот и жената во брачна заедница се рамноправни. А тоа може и поубаво да се каже: Зголемете ги своите обврски за да не ги загрозувате правата на другите.
11. Бракот не може да биде цел.
12. Богатете го својот заеднички живот, борете се за разновидност во животот, бидете реални и одмерени кога ги одредувате своите цели и желби, бидете силни и упорни кога ги остварувате.
13. Бидете љубоморни, не едни на други, туку на својот брак. Чувајте го и бранете го од сите искушенија, сметајте го скапоцен за својата судбина и среќа.
912