Ако очекувате принова во текот на летните месеци, веројатно веќе сонувате за топлите денови поминати покрај море, под сонцето. Летото носи посебна магија и можеби сакате името на вашето бебе да ја одразува таа единствена сезона.

Инспирацијата за имиња може да дојде од различни аспекти на летото – од светлото сонце, мирисот на морето, до опуштените летни вечери. Во продолжение ги одбравме најубавите имиња за бебиња кои се инспирирани од морето и сонцето. Овие имиња не само што ја поттикнуваат убавината и топлината на летото, туку на вашето дете ќе му овозможат спомени од безгрижните летни денови за цел живот.

Август

Август е машко име со латинско потекло, добиено од името на римскиот крал Август. Името значи „возвишен“, а често им се дава на летните бебиња.

Маре

Маре е кратка варијанта на името Марија, кое најчесто се користи во Далмација. Маре на италијански значи море, па секако е име кое им одговара на децата родени во топлите месеци.

Каи

Каи е име со хавајско потекло што значи море. Во светот тоа е најпопуларното име за момчиња родени во текот на летните месеци, а во 2020 година го избрале повеќе од 2,9 милиони родители.

Вишна

На почетокот на летото уживаме во сочните вишни, па така некои девојчиња родени во топлите месеци се викаат Вишна/Вишња, што симболизира руменило.

Вал

Името Вал веднаш не асоцира на море, односно бран. Тоа е машко име кое потекнува од зборот „валенс“, што значи силен и здрав. Ова име го носи холивудскиот актер Вал Килмер.

Марис

Марис е име со латинско потекло и значи живеење на море или доаѓање од море. Постои и толкување дека Марис е дериват на името Мариус, кое првично било презиме на римско семејство, а потекнувало од римскиот бог на војната – Марс. Името Марис често се користи во Германија.

Јадран/Јадранка

Ако сте решиле да му дадете летно име на вашето дете, Јадран или Јадранка е совршен избор бидејќи овие имиња потекнуваат од името на Јадранското Море.

Сунчица

Освен морето, првата асоцијација за летото е сонцето, па затоа на оваа листа е и името Сунчица. Потекнува од името на небесното тело Сонце, а друга варијанта на ова име е Сончана/Сунчана. Англиската верзија Сани е во првите пет најпопуларни имиња за девојчиња родени во текот на летото.

Лео/Леа

Според хороскопот, децата родени кон крајот на јули и почетокот на август се лавови, па некои родители ги избираат имињата Лео или Леа, кои потекнуваат од латинскиот збор „лео“, што значи лав. Овие силни имиња означуваат храброст.

Марина

Марина е женска форма на латинското име Мариус, што значи „доаѓа од морето“. Иако звучи како локално име, всушност е популарно и во Италија, Шпанија, Аргентина и Франција.

Извор



912

X