Есента е сезона кога природата ги покажува своите најбогати бои и носи чувство на топлина, мир и стабилност. За родителите кои бараат име за своето бебе кое ќе ја носи симболиката на есента, ова е листа со имиња кои ги отсликуваат силата, топлината и убавината на оваа посебна сезона – од стабилност и плодност до раскош и благодарнос
Гита
Ова име доаѓа од санскрит и значи песна. Може да се протолкува и како „есенска песна“, па затоа е совршен избор за девојките родени во оваа сезона.
Дуња
Во една од своите песни, Оливер Драгојевиќ ја опиша магичната есен со стихот: „Доаѓа есен, дуњо моја“. Плодот на дуњата обично е симбол на есента.
Руби/Рубин
Името е изведено од црвената боја која се забележува во природата во есен.
Мартин
Ова име од латинско потекло Мартинус е поврзано со свети Мартин, чиј ден се слави во ноември.
Сиена
Сиена е град во Италија, познат по своите портокалово-црвени тонови.
Адам
Најчестото значење на ова име со длабока симболика е „оној од црвената земја“.
Јора
Хебрејско име, кое може да се користи или за момче или за девојче, значи есенски дожд.
Гаја
Грчкиот збор гаја значи Земја.
Кастор
Ова име има корени во грчкиот јазик и се поврзува со костенот, кој е многу карактеристичен за есента.
Бруно/Бруна
На италијански и португалски значи кафена, која е една од типичните бои на есента.
912