На родителите им е лесно да забележат кога нивните деца минуваат низ стресни моменти – нивното лице и глас често ги одразуваат внатрешните тензии. Овие емоции веројатно им се познати на родителите од нивните сопствени искуства, што им овозможува подобро да ги разберат, вели советничката Синтија Акрил.

-Без разлика колку ситуацијата може да ви изгледа мала или неважна, за вашите деца предизвиците од детството и младоста може да изгледаат премногу големи и премногу тешки. Во такви моменти, тие може да се чувствуваат изгубено. Сепак, постојат многу начини на кои можете да им помогнете на вашите децата да научат како да управуваат со стресот и да ги надминат овие тешкотии – изјавила таа.

Додала и дека управувањето со стресот е вештина што најсреќните деца ја учат од своите родители. Така таа споделила четири совети за родителите кои сакаат да ги научат своите деца на оваа вештина.

-Бидете пример: „Треба да бидете пример за грижа за себе. Смирете се, расчистете ги мислите и зрачете со сигурност“, советува Акрил.
-Научете ги да дишат за време на анксиозноста: Бавното дишење е еден од најбрзите начини за смирување на умот и телото, тврди советничката. „Ова им помага на децата да сфатат дека имаат поголема контрола отколку што чувствуваат и создава време да изберат реакција“, објаснила таа.
-Дајте им до знаење дека нивните чувства се нормални: „Не отфрлајте ги нивните грижи. Прашајте ги како порано се справувале со вакво нешто и што им помогнало“, вели советничката.
-Помогнете им да ја поседуваат својата моќ: „Можеби нема да можат да ја контролираат целата ситуација, но дефинитивно можат да го контролираат својот одговор на тоа. Разговарајте со нив за нивните опции. Обично, самото знаење дека имаат избор ќе им помогне да се чувствуваат подобро“, заклучила Акрил.

Извор



912

X