Секоја година еден од најубавите празници – Велигден во нас буди креативност и желба да се посветиме на обичајот на вапсување јајца.
Како и секоја година, така и оваа, се појави нов тренд на украсување на јајцата, овој пат со дрвени боици.
Овој начин на боење е одличен затоа што во него можат да учествуваат и најмалите, па всушност е забава за целото семејство. Еве неколку идеи:
Дрвени боички за пастелни „мермерни“ јајца
Потребен материјал:
- Дрвени боици;
- Тврдо варени јајца;
- Фен за коса (по потреба);
- Салфетки или кујнска хартија;
- Вода и четка за боење
За да успее постапката, варените јајца треба да бидат топли. Ако се ладни, загрејте ги со фен. Погрижете се да не се многу жешки.
Обојте ги јајцата по желба и искористете ја креативноста. Размачкајте ја бојата со салфетка или кујнска хартија. Топлината на јајцето ќе овозможи бојата да се размачка, па ќе добиете прекрасни нијанси.
Можете да додавате боја по потреба додека не го добиете посакуваниот изглед. Друга опција е да ја размачкате бојата со четка и вода откако ќе ја нанесете со дрвени боици.
Напомена: Ако лушпата од јајцето е испукана или бојата дошла до самото јајце, не јадете го јајцето. Иако боиците се нетоксични, не се препорачува да се користат во храна.
Декоративни прстени за салфетки
Секоја празнична трпеза изгледа подобро со добро избрани детали. Овој пат направете креативни обрачи за зајачиња или прстени за салфетки со вашите деца.
Потребен материјал:
- Картонска тоалетна хартија;
- Дрвени боици;
- Малку вода;
- Четки;
- Ножици;
- Лепило.
Постапката е едноставна. На цилиндричниот картон нанесете точки со различна големина со дрвени боици во саканите бои. Исечете го картонот на помали парчиња и притиснете.
912