Сите сме кажале нешто погрешно во одреден момент оставајќи ги нашите родители лути, повредени или збунети.
– На одредено ниво, повеќето родители се сомневаат во себе и се прашуваат дали се добри родители и дали го прават најдоброто за своите деца – вели Елизабет Јеглич, професор по психологија на колеџот „Џон Џеј“ во Њујорк и коавтор на книгата „ЗаштиТете го вашето дете од злоупотреба: Што треба да знаете за да ги заштитите вашите деца“.
Еве што не треба да им кажете на вашите родители.
„Мајката на Ана е подобра мајка од тебе“
Мајката се обидува да биде најдобриот родител што може за детето да биде најдобрата личност што може. Нејзината работа како родител не е секогаш да биде популарна, туку да обезбеди љубов, слобода и водство со граници соодветни на возраста. Ако ѝ кажете дека некој друг родител е подобар, дефинитивно ќе ѝ го повредите егото.
„Посакувам да не ми беше татко“
Сигурно голем дел од децата не го мислат тоа, но во напад на бес го кажуваат. Децата, како и многу возрасни, го губат филтерот кога емоциите се високи. Честопати ова е само развојна фаза кај помалите деца на кои им недостигаат доволно вештини за расудување.
„Веќе ми го кажа тоа“
Не губете ГО трпението или смиреноста кога се во прашање вашите родители. Ако му кажеш на родителот дека веќе ти го кажал тоа на груб и саркастичен начин, тој навистина ќе се навреди.
„Посакувам да си мртов“
Овој пат отидовте предалеку, без оглед на тоа каков совет ви дале родителите. Наместо тоа, добро би било да кажете нешто како: – Кога ќе сакам твој совет, ќе прашам. Тоа е поискрено, директно и релевантно.
„Ти си лоша мајка“
Децата честопати брзо ја кажуваат оваа фраза кога не се согласуваат со одлуката што ја донел родителот или кога не им е дозволено да прават нешто што го прават сите нивни врсници.
Но, личниот напад е сигурен начин за да се затвори дискусијата и да се претвори во викање/расправија.
„Те мразам“
Омразата е силен збор. Можеби сте лути на родителите, но внимавајте што зборувате. Што ако ова се последните зборови што сте ѝ ги кажале на вашата мајка? Ако се случи нешто трагично и ова беше последното нешто што сте ѝ го рекле, ќе имате тежок период во процесот на заздравување.
912