Децата ги воспитуваме со неограничена љубов и безброј прегратки, но многу е важно да им се постават граници за да можеме што полесно да ги „преживееме“ сите фази од нивното растење.
– Да бидеме искрени барем за момент. Без оглед колку се слатки бебињата, понекогаш израснуваат во деца кои лошо се однесуваат и стануваат непријатни. Во ред. Се разбира, не се сите такви, само некои. Всушност, многумина од нив. Дали ова ви звучи познато – прашува Лав Барнет, мајка на пет деца, и ги опишува сите фази низ кои поминала со нив.
1. Не сака да споделува
Тоа е детето со најубавата нова играчка во паркот или на плажа, им мавта на сите пред носот со неа, па и пред вашите деца кои посакуваат да имаат супермамичка која ќе биде доволно добра да им ја купи истата играчка. Но уште полош е ставот што го има тоа дете. Играчката е негова, се гордее со неа и не сака да ја дели со другите.
2. Смета дека треба да му дадете сè што ќе посака
Сè што ќе види, ќе посака да го добие или ќе го добие бидејќи ако не го добие, ќе се соочите со последиците. Тоа вклучува врескање или туркање, и сигурно ќе ја чуете реченицата: „Ќе ѝ кажам на мама дека не сакаш да ми го дадеш тоа“.
3. Постојано плаче
Ова дете постојано плаче од различни причини. Ќе му понудите сладолед на стапче. Ќе плаче за сладолед во корнет. Ќе го повикате на роденден. Подобро да не ги отворате подароците пред него. Ќе седнете да јадете заедно. Неговите компирчиња се премногу тврди/меки/препржени/недопржени!
4. Постојано е (пре)гласно
Сигурно ќе слушнете кога ова дете ќе ви влезе дома. Смета дека нема да го разберете ако не вика доволно и дека неговите зборови не се важат ако немаат илјада децибели! Ништо не може да го натера да биде потивко затоа што има само два звука: без звук и оној од кој пукаат ушните тапанчиња!
5. Ќе скрши сè што ќе допре
Ова дете едноставно има обичај да ги крши работите. Без некаква причина крши сè што ќе допре. Можете да го замолите да биде повнимателно, но безуспешно. Тоа ги фрла работите за да почувствува радост. Не уништувајте го изворот на неговата радост.
6. Лошо влијае врз другите
Единствено можете да се молите вашето дете да не биде такво, но шансите сепак се големи. Ова дете многу лесно ги наговара другите деца да прават разни истапи и ексцеси за кои знае дека не смее да ги прави.
7. Секогаш знае сè
Ова дете знае сè и најверојатно вие ќе се откажете од расправата со него. Не знаете за што разговарате со него, но не постои ниту еден аргумент што ќе му го докаже тоа.
8. Никогаш не направил ништо лошо
„Не бев јас“, „Не знам кој го направи тоа“, „Можеби кучето го направи тоа“, „Тато е виновен“, „Можеби има некаков дух во куќата“ – вака звучат речениците на ова дете.
9. Секогаш вели: „Но, зошто?“
Ова дете реагира на сите разговори, со кое било лице, со овој познат рефрен. Кога ќе му кажете дека е време да си легне, дека треба да го изеде ручекот, дека треба да си ги собере играчките, дека ќе биде казнето…
10. Тврди дека не сте вие шефот
Негови омилени фрази се: „Не мора да го правам тоа“, „Не сакам да го правам тоа“ и „Не можеш да ме натераш“. Овие зборови ќе ги повторува одново и одново, без оглед колку сте љубезни или очајни. Кој е шефот? Не знам, но веројатно не сте вие.