Воспитување

Најдоброто и најтешкото нешто кога имате близнаци

Родители на близнаци искрено раскажуваат за предизвиците со кои се соочуваат за порталот „Today’s parents“. Прочитајте за најтешките и најдобрите работи во однос на имањето близнаци:

Најтешката работа во однос на имањето близнаци е…

„Справување на движењето на двете бебиња. Носењето на двете одеднаш по скали, поставувањето на двете во автомобил итн.“ – Симеон Р.

„Често се случува едното бебе да чека!“ – Кетрин Д.

„Да се биде поброен – логистиката која подразбира 2 деца на едно – тоа е дефинитивно најтешко. Посакувам да можев да летам сама со едно бебе или едното да го однесам на пливање без да имам чувство дека другото губи некоја од заедничките активности“ – Бјанка Б.

„Сè е побројно. За сите нешта, треба дополнително уште едно. Не ги нарекуваат близнаци торнада залудно!“ – Т. Смит.

„Доење во тандем предизвикува чувство на физички подвиг во инженерството“ – Џозефин А.

„Да се биде во паркот, во трговскиот центар кога и двете имаат мобилен. Се качуваа и се влечеа и потоа зборуваа, а тоа беше навистина тешко да се менаџира. Бев исплашена дека некоја од нив ќе падне и ќе се повреди додека јас ѝ помагав на другата или ја тешев. Секое од моите девојчиња заслужуваше целосно мое внимание за да биде безбедно, но јас едноставно бев толку поделена и чувствував неверојатна вина“ – Џенифер К.

„Најголемиот предизвик е луѓето да ги гледаат како две различни личности и да ги нарекуваат според нивното име“ – Симон С.

„Обезбедувањето нега за близнаци е претешко и прескапо. Никаде не добивме две места во градинките и секаде бевме на листа за чекање, а сето тоа нè чинеше 4.500 долари месечно. Најмивме дадилка“ – Мелиса С.

„Да се има близнаци не значи двојно, туку експоненцијално. Тоа е дополнителна динамика бидејќи тие се придвижуваат еден со друг и невозможно е да се сопре тој воз кој излегува од шините“ – Џенифер К.

„Константно да се потсетувам дека не треба да се споредувам со нив. Тие се сопствени личности“ – Рајлин Р.

Најдобрата работа во однос на имањето близнаци…

„Две бебиња се нишаат заедно во парк. Секојпат ми се топи срцето“ – Џенифер К.

„Гледањето на уникатната поврзаност што девојчињата ја имаат меѓу себе. Имаат сопствен заеднички јазик“ – Рајлин Р.

„Мојот сопруг и јас бевме принудени да бидеме подобар тим кога тие се родија отколку кога би биле ако имавме едно дете. Поминавме низ најтешко нешто како пар, бидејќи моравме да се грижиме за две деца во текот на ноќта, но тоа ја зајакна нашата врска и мислам дека тоа нè обликуваше како родители. Се работи за преживување и заедничко спроведување на работите“ – Џени С.

„Нивното пријателство и начинот на кој се грижат едни за други е магичен и посебен. Кога беа малечки, трчаа еден кон друг за да се утешат ако плачеа или се повредија. Сега имаат речиси 4 и се бакнуваат и прегрнуваат на часовите по танцување“ – Џозефин А.

„Да можете да гледате 2 бебиња да се развиваат и растат во исто време, но различно. Уникатна ситуација“ – Мелиса С.

„Гледањето на пријателството што цути помеѓу нив – не е исто како кај браќата и сестрите на различна возраст“ – Лори Ф.

„Моите идентични ќерки сега имаат 8 години и сè уште уживам во фактот дека имам близначки – едноставно го сакам специјалното чувство што произлегува од тоа. Ја сакам новината во сето тоа“ – Симон С.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top