Воспитување

Најдобрите цитати за мајчинството од Адел

Славната Адел во моментов е многу зафатена со снимањето на новиот албум и одгледувањето на 8-годишниот син Анџело, кој го има со поранешниот сопруг Сајмон Конецки. Меѓутоа, пејачката е сосема приземна и реална во однос на мајчинството. Ова се нејзините најдобри цитати, а може да се каже дека секоја мајка ќе се пронајде во нив:

„Многу е тешко. Мислев дека ќе биде лесно. Секој го прави тоа, колку тешко може да биде? Ох, сум немала поим.“

„Доволно е тешко да се биде дете, а особено дете на славна личност. Замислете еден ден да дознам дека пуши, сигурно ќе постои фотографија од тоа.“

„Анџело е љубовта на мојот живот и ќе го поддржувам во сѐ што ќе сака да прави.“

„Тоа е најдобрата работа што некогаш сум ја направила. Тој ме тера понекогаш да бидам строга, но прави да се чувствувам млада, а не постои ништо што може повеќе да ве приземји од дете кое одбива да го направи она што го барате од него.“

„Моментално може да избере дали сака чипс или банана, но не може да избере да биде познат во јавноста. Еден ден, кога ќе има 16 години, ако сака луѓето да знаат дека е мое дете, ќе му биде дозволено.“

„Поради него се гордеам со себе и се сакам себеси.“

„Претходно мојот свет се вртеше околу мене, а сега се врти околу него.“

„Го сакам мојот син повеќе од што и да е, но секојдневно ми недостига време за себе, да правам што сакам. Секој ден се чувствувам така.“

„Во бременоста и мајчинството се изгубив себеси, се борев со тоа и сѐ уште се борам“.

„Како што ќе расте, се надевам дека ќе најдам време за себе.“

„Ме праша дали го гледам. Ми реков да, а тој ми рече дека не ме гледа мене. Цел свет ми се распадна. Знаеше дека не сум тука.“

„За него јас не сум Адел.“

„Понекогаш ми е страв кога ќе помислам каде би тргнал мојот живот да не останав бремена со Анџело. И двајцата ме спасија. Постоеше причина зошто Сајмон влезе во мојот живот.“

„Тој има толку едноставни прашања, а не можам да му ги одговорам бидејќи не ги знам одговорите.“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top