Како да играте со 12-месечно бебе? Многу е лесно! Ова се најдобрите игри за едногодишните деца:
1. Редење коцки
Обоените коцки создаваат можност за децата да ги подобрат своите моторни вештини, да дознаат за боите и да соработуваат. Исто така, многу се забавни. Срушете ги, бројте ги, редете ги.
2. Играта „ѕе“
Како и шестмесечните бебиња, и едногодишните ја сакаат забавата што ја носи оваа игра. Користете ги рацете за да го сокриете лицето и ѕиркајте, или држете шал преку вашето лице и изненадете го бебето со вашиот лик кога ќе го тргнете.
3. Цртање со прсти
Седнете го детето во столот за јадење, дајте му сунѓерче со боја и оставете го да ја изрази креативноста. Добра идеја и да го избањате по оваа активност, но треба и да го надгледувате кога го прави тоа.
4. Назад во природа
Одведете го вашето бебе надвор и уживајте во природата – разговарајте за дрвјата, лисјата, инсектите, цветовите, птиците и облаците. Ако сте во некоја урбана средина, може да броите превозни средства, како воз, велосипед, автобуси и пешаци.
5. Приказни
Никогаш не е прерано кога се работи за писменоста и литературата. Читањето опушта, па можете заедно со детето удобно да се сместите во кревет и да му читате приказна.
6. Поправање
Замолете ги во локалната продавница за електрика да ви дадат една празна кутија од алати со која ќе имате многу можности за игра. Детето може да седнува во неа, да ја украсува, да ги става омилените играчки во неа и слично.
7. Боици и хартија
Ура! Вашето дете е доволно возрасно за да може да црта со боички на парче хартија. Само бидете сигурни дека ќе има надзор за да не дојде до тоа детето да ги грицка боичките.
8. Уметност со стикери
Креативна игра, овој пат со стикери и големо парче хартија. Покажете му на детето како да ги одлепи стикерите и да ги залепи на хартијата.
9. Авантури со шпагети
Згответе шпагети, ставете ги во студена вода да се изладат и потоа седнете го детето во столот за јадење и оставете го да си игра со шпагетите. Многу е забавно и безопасно.
10. Крем за бричење
Ставете неколку капки боја за храна во секој ќош од кеса што се затвора, ставете малку крем за бричење на средината од кесата и затворете ја. Дајте му ја кесата на детето и покажете му како да ги стиска кремот за бричење и бојата. (И оваа игра треба да се надгледува во случај да се отвори кесата).
11. Игра со огледало
Бебињата обожаваат огледала. Ако имате големо огледало дома, ставете го детето пред него и покажете му како да прави гримаси, да плеска со рачињата и да направи „да пукне“ со сопствениот одраз. Исто така, може да пробува капи и шалови пред огледалото.
12. Водни игри
Водата е многу забавна. Можете да наполните када и да ставите неколку играчки, пластични чинии и слично. Или можете заедно да подготвите топла бања и да си играте во водата. Запомнете дека децата мора да бидат надгледувани кога се во вода. Дури и ако се работи за мали количини вода.
13. Игри со тресење
Земете чисти, празни пластични шишиња и наполнете ги со гравчиња, ориз… што и да имате. Можете да ги украсите со стикери или ленти во боја и започнете со тресењето.
14. Ајде да се преправаме
Првите социјални вештини на детето се развиваат кога стапува во интеракција со луѓето околу себе и ги вежба додека игра со играчки. Кукли, мечиња и други ликови се одлични за имитирање и вежбање на социјалните и комуникациски вештини.
15. Облекување
Ова е забавно и за родителите и за децата. Облекувајте различни костими и охрабрете го вашето малечко да истражува нови ликови и да ја користи својата фантазија.
16. Кулинарство
Можете да му понудите на детето да ви помогне во месењето тесто, на пример. Тоа ќе биде забавно и за двајцата. Нека обликува форми, а може и да касне од тоа што ќе го направи.
17. Балони од сапуница
Балоните од сапуница се вистинска магија за децата. Играњето со нив може да биде активност и за внатре и за надвор. Само внимавајте да не ги дувнете во лицето на бебето.
18. Часови по тапани
Пластични садови, тенџериња и дрвени лажици се одлични за аматерско тропање на тапани. Иако е гласна игра, сепак, на децата им е потребно и такво нешто за да се забавуваат.
19. Игри со броење
Никогаш не е рано да ги запознаете децата со првите концепти на броењето. Бројте играчки, книги, прсти и слично.
20. Тврдини од ќебиња
Запознајте го детето со сите авантури и фантазии што произлегуваат од правењето тврдини со ќебиња. Изградете тврдина во дневната соба и дружете се во неа заедно со омилените играчки. Можете и да си читате книга.
Па, што чекате? Играјте!
Автор: Пип Линколн
912