Сите мали деца минуваат низ фаза кога на сè што ќе кажат нивните родители одговараат со „зошто?“, дури и кога прашањето нема никаква смисла. Периодот околу три или четири години најчесто е период кога децата имаат безброј прашања до родителите, што може да биде доста иритирачко во некои ситуации, особено ако го слушаат прашањето на секои неколку минути во текот на денот.
Како да одговорите кога детето постојано прашува „зошто?
Корисно е да се разберат причините поради кои децата постојано бараат дополнителни објаснувања. Најкраткото објаснување за илјадитото „зошто? во текот на денот би било децата да се обидат да откријат повеќе за светот околу нив.

Семејниот терапевт Дина Марголин смета дека најдобриот начин да се одговори на детето е со контрапрашање – „А што мислиш ти?“
-Ова ги охрабрува да паузираат, да развијат самосвест, да гледаат во сопствените мисли и да ги изразат своите мислења. Во исто време, останувате поврзани со нив затоа што не ги отфрлате или игнорирате – објаснува таа.
Додава дека родителите би можеле да бидат изненадени колку овој метод може да биде ефективен. Се разбира, не мора да го користите секогаш кога ќе слушнете „зошто?“, но може да ви помогне барем повремено да го прекинете бескрајниот тек на прашања.
912