Поимите што ги гуглаат жените во бременоста најдобро сведочат за нивната неинформираност
Во текот на својата бременост жените најмногу доаѓаат до одговори на некои прашања со помош на „Гугл“. Но, дека тие прашања не се секогаш излишни сведочи овој список со најлудите поими што ги гуглале трудниците.
„Дали можам да јадам………..?“
Пополнете го празното место со секој можен вид храна. Туна? Чоколадо? Сирење? Смрзнати вафли? Сладолед? Соја-сос? Сусам? Зелен чај? Ѓумбир? Речиси нема храна што трудниците не ја гуглале.
Дали ќе можам да се наведнам во бременоста?
Ова прашање и не е толку апсурдно кога ќе видиме многу трудници што изгледаат како едвај да се движат пред породувањето.
Моето дете многу мрда во стомакот, а тоа не ми одговара. Мислам дека му ги повредив чувствата.
Дали ова прашање навистина бара одговор?
Како можам да предизвикам голема нужда?
Многу жени во текот на тие девет месеци имаат запек, па се прашуваат – кои лекови да ги земаат, како да го поттикнат метаболизмот?
Дали полната месечина ќе ги поттикне контракциите?
Експертите истакнуваат дека нема врска едно со друго.
Дали папокот повторно ќе ми се појави по породувањето?
Вистина е дека на многу трудници папокот им „исчезнува“, но никогаш на ниедна не ѝ исчезнал тукутака.
Дали ми пукна воденикот?
Иако се чини дека прашањето е на место и треба да се очекува одговор со да или не, одговорот навистина не е едноставен. Одговорот на прашањето како изгледа кога ќе пукне воденикот би требало секоја трудница да го проучи уште во првите месеци на бременоста.
Колку треба да јадам за двајца?
Ова прашање повеќето трудници сигурно го поставуваат од причина што го очекуваат одговорот – „многу“.
Како да се контролирам да не го удрам мојот сопруг?
До ова гуглање довеле прашања од типот: „Како да му помогнете на мажот да сфати низ што поминувате“ или „Што да не ѝ кажете на трудна жена?“
Како да ги спречам непознатите луѓе да ми го чепкаат стомакот?
„Како некој си го дозволува тоа? Луѓето навистина сè си дозволуваат и се пикаат таму каде што се најмалку добредојдени“.
Каде можам да нарачам јадење во 1 часот по полноќ?
Пребарувањето достава е честа активност на трудниците во ноќните часови.
Познати личности – фотографии од трудници
Трудниците тргнуваат во лов по фотографии од познати личности и притоа се споредуваат и се обидуваат да се доведат во ред.
Како љубезно да ѝ се каже на свекрвата дека не може да биде во собата додека дојам?
Ова е чувствително прашање. Потребен е мудар потег и многу трпение.
Дали хемороидите некогаш ќе ми се смират?
Прашање на место, но сепак е потребен стручен преглед од доктор и стручен одговор.
Колку брзо по породувањето може да пијам алкохол?
Ова не е шега. Треба малку да се опуштите.
Колку денови може да не се избањам пред некој да забележи?
Тој одговор добро ќе ви послужи во текот на родителството.
Колку чини електрична количка за бебе?
Прашање е дали воопшто постојат такви, но кога ќе се појават, сигурно ќе ги окупираат децата од различни возрасти.
Каков е вкусот на храната по породувањето?
Иако наводно бременоста ги менува жените, тешко дека може да го промени вкусот на храната.