Готвењето, печењето и трикови за коса и шминка се главните работи за кои тинејџерите бараат помош на интернет, но кога станува збор за совети за врски, сепак, мама знае најдобро.
Истражувањето на 1.000 тинејџери на возраст од 10 до 17 години покажало дека секој трет претпочита да бара совет на интернет за да го избегне срамот што го чувствува кога треба да праша некого лично.
Модни совети, совети за пубертет и совети за ревизија на трудови се меѓу другите главни теми што тинејџерите повеќе би сакале да ги дознаат сами на интернет, додека таткото е главен за совети за здравје и помош за домашните задачи.
Но, кога станува збор за управување со пари, повеќе од една третина (35 отсто) веруваат дека нивните родители им помогнале да ја разберат вредноста на парите, во споредба со само 22 отсто од тинејџерите кои рекле дека најмногу научиле за парите преку социјалните мрежи.
– Иако децата прво на интернет бараат совети за мода и шминка, нашето истражување покажува дека родителите сè уште се првите што децата ги прашуваат за финансиски совет – вели Ема Абрахамс, портпаролка на банката „Лојд“.
– Исто така, откривме дека третина (38 отсто) од децата почнале да ја разбираат вредноста на парите на возраст од 13 до 15 години. А 29 отсто тоа го научиле од тоа што имаат сопствена банкарска сметка, нагласувајќи дека никогаш не е рано родителите да почнат да ги учат своите деца на добри навики за заработка и штедење пари – објаснува таа.
Истражувањето, исто така, покажа дека кога станува збор за врските, 23 отсто од тинејџерите ѝ се обраќаат на својата мајка, но секој десетти, вкупно 11 отсто од нив, ќе побара одговори на „Јутјуб“. Всушност, меѓу младите, „Јутјуб“ се смета за највреден онлајн извор за информации, избран од дури 41 отсто.
Дури 14 отсто од тинејџерите не се чувствувале удобно со идејата да побараат совет од некого поврзан со љубовта и врските, додека 13 отсто се обиделе да избегнат да зборуваат за пари или финансии.
Исто така, откриено е дека 56 отсто од тинејџерите и помалите деца веруваат дека видеата се најефективниот начин за учење преку социјалните мрежи, а половина од испитаниците, 49 отсто, сметаат дека е најлесно да се учи од некој што зборува директно во камерата.
– Тинејџерите во просек бараат совет трипати неделно – покажало истражувањето на „Уанпул“.
И во изминатите 12 месеци најбараниот совет беше за врските (14 отсто), финансиите (13 отсто) и притисокот од врсниците (11 отсто).
Истражувањето ги анкетирало и родителите на тинејџерите и открило дека младите многу се потпираат на нивните родители за совет.
Ова се најчестите теми за кои тинејџерите бараат одговори на интернет:
- Готвење
- Шминка
- Печење
- Совети/трикови за видеоигри
- Филмови
- Танцување
- Часови по странски јазици
- Трикови за правење фризури
- Страници на кои можат да ја проверат нивната граматика и синтакса во задачите
- Мода
- Пубертет
- Испити
- Спортски вештини (на пример, како да почнеш да играш фудбал)
- Познати личности/инфлуенсери
- Финансии/пари
- Историја
- Акни и мозолчиња
- Возење велосипед
- Чистење патики/облека
- Совети за пишување
- Книги
- Математика
- Трикови за домашни миленици
- Како да направиш биографија и апликација за работа
- Градинарски/куќни растенија
- Наука
- Избор на кариера
- Свирење на музички инструмент
- Правилно перење
- Возење автомобил
912