Воспитување

Најчестите причини зошто се лутат децата

Гневот е емоција. Додека некои многу добро го контролираат, има и такви што не можат. Кога станува збор за децата, гневот често се гледа како излив на бес и се казнува. Но, експертите сметаат дека ова не е добар начин да ѝ се пристапи на ситуацијата.

Амбика Агарвал, сертифициран НЛП-практичар, неодамна се огласи на „Инстаграм“ за да зборува за двете главни причини зошто децата често се лутат.

Незадоволени потреби

Според експертот, неисполнетите потреби се една од основните причини за проблемите со гневот на децата. Незадоволени потреби се оние што не се исполнети или се занемарени.

Недостиг на моќ

Друга причина што може да предизвика гнев кај децата е недостигот на моќ, што значи дека децата немаат збор или авторитет за она што го сакаат. Ова може да биде особено вознемирувачко за децата затоа што сакаат многу да се изразуваат, но понекогаш не знаат кои чувства да ги пренесат со зборови. И тогаш тоа го изразуваат во форма на гнев и/или бес.

Како да се поставите како родители?

Амбика, која и самата е мајка, препорачува да останете смирени и да не реагирате со ист тон како детето. Таа советува да не се реагира луто и да не се сфаќа лично однесувањето на детето.

Наместо тоа, таа ги советува родителите да ги препознаат предизвикувачите, да го занемарат помалото негативно однесување, да им дадат на децата одредена моќ и избор и да ги учат децата на соодветно однесување кога се смирени.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top