Родителите секогаш ќе се трудат да ги научат своите деца на добри навики за да воспитаат пристојни, разумни и одговорни личности. Сепак, постојат некои негативни работи што можеме да ги направиме сосема несвесно, а токму тие нешта децата да ги копираат.
Пцуење
Колку и да се трудите да не пцуете пред вашето дете, тоа сепак може да ја „преземе“ оваа лоша навика од вас, така што ќе ве слушне како пцуете додека зборувате на телефон, додека возите или гледате некој натпревар.
Мрзливост
На интернет има многу смешни видеа од бебиња и мали деца кои ги имитираат своите мрзливи татковци кои лежат на кауч или кревет. Иако понекогаш е смешно, во реалноста треба да се погрижите да не сте мрзлива личност која, на пример, не се тушира, не готви, бидејќи детето на крајот ќе ја преземе од вас оваа лоша карактеристика.
Чепкање на носот
Секој си го чепка носот, но тоа е многу нехигиенска навика и треба да се прави насамо, а треба и да се измијат рацете веднаш потоа. Децата можат лесно да ги имитираат таквите постапки гледајќи како вие ги правите, или какви било други нехигиенски дејства, како бришење на рацете од облеката.

Пушење и пиење
Како што расте детето, во периодот пред тинејџерските и за време на тинејџерските години, може да се заинтересира за алкохолот и пушењето цигари. Една студија покажала дека тинејџерите чии родители пушеле, имаат поголема веројатност да станат пушачи, дури и ако нивните родители престанале да пушат пред тие да се родат.
Озборување
Ако постојано озборувате по телефон или со соседите и зборувате негативно за другите луѓе, големи се шансите и вашето дете да ја преземе оваа лоша навика од вас.