Телепортирање, менување форма и замрзнување на времето се меѓу најчестите теории на децата за тоа како Дедо Мраз тајно доставува подароци.

Истражување покажало дека девет од десет родители се зачудени колку нивните деца се креативни кога станува збор за Божиќ.

Децата мислат дека Дедо Мраз трча со голема брзина, запирајќи накратко со својата војска од милион џуџиња на „станиците“ каде што треба да се доставуваат подароците.

Исто така, децата веруваат дека Дедо Мраз може да го замрзне времето и да користи магија за да им донесе подароци.

Истражување спроведено од компанијата „Осмо“ на 1.500 родители и деца покажа дека многу деца мислат дека Дедо Мраз има машина за намалување на работите што милијарди подароци ќе ги направи многу мали за да може да ги спушти низ оџакот.

Исто така, децата не биле збунети кога од нив се побарало да објаснат како неговите ирваси летаат, бидејќи 84 отсто од анкетираните деца изјавија дека знаат како ирвасите го завршиле својот подвиг пркосејќи ѝ на гравитацијата.

Истражување кај 750 деца, на возраст од 6 до 11 години, кои веруваат во Дедо Мраз, како и 750 родители, покажа дека 8 од 10 деца мислат дека санката што ја влечат ирвасите е црвена. Некои од нив веруваат дека со магија им доставува подароци, а 5 отсто од децата рекле дека Дедо Мраз користи телепортација за да влезе во нивните домови и да им остави подароци.

4 отсто се уверени дека тој поседува моќ да поминува низ ѕидови. Секое десетто дете мисли дека Дедо Мраз го заспива цел свет на Божиќ за да може да ги достави подароците.

40 отсто од децата се сигурни дека го виделе Дедо Мраз, а 42 отсто го слушнале како оди по нивниот покрив или под прозорците. Некои не беа убедени дека може да работи сам и рекоа дека постои меѓународен тим на Дедо Мразовци.

Можноста за проширување на оџакот беше уште едно поимагинативните објаснување за тоа како Дедо Мраз со прилично голем стомак успева да се спушти по оџакот.

– Нема сомнеж дека децата имаат неверојатна имагинација и одлично е да се види дека е на толку високо ниво за време на празниците – изјави Дом Мур, европски извршен директор на „Осмо“.

– Истражувањето покажува колку е неверојатно човечкото размислување кога сме мали – додава Мур.

Исто така, се покажа дека децата разумно ја разбираат големината на населението на планетата, при што 54 отсто рекле дека мислат дека Дедо Мраз има најмалку 5 милијарди подароци што треба да ги достави на Божиќ.

Децата, исто така, се покажаа неверојатно дарежливи бидејќи огромни 92 отсто рекле дека му оставиле нешто да пие и да јаде – а само 4 отсто не приготвиле храна и пијалак.

Најчестите детски теории за испорака на подароци:

– Користи специјален клуч што ги отклучува сите врати во светот.
– Се спушта низ оџакот.
– Магија.
– Телепортација.
– Може да се движи низ ѕидови.
– Се движи брзо.
– Му помага армија од џуџиња.
– Го замрзнува времето.
– Ги заспива сите луѓе во светот на Божиќ.
– Во секоја земја има станица за испорака на подароци.
– Му помага организација на Дедо Мразовци.
– Го враќа времето назад.
– Има машина за смалување.
– Ги проширува оџаците.
– Носи поголеми подароци од задната врата.

Извор



912

X