д-р Дарко Ѓорѓиевски, специјалист по стоматолошка протетика

д-р Дарко Ѓорѓиевски, специјалист по стоматолошка протетика

ПЗУ „DENTAL CARE“ - Скопје, специјалистичка стоматолошка ординација по ортодонција и протетика
тел. 078 371 752

Повеќе од авторот

Рубриката Совети од стоматолозите е поддржана од „Лакалут“

Родители, внимавајте на млечните заби на вашите деца, со тоа се стекнува доживотна навика за важноста на трајните заби

Што е коронка, навлака, порцелан…?
Керамичка или порцеланска коронка е протетска изработка која ги надополнува изгубената форма, големина и функција на забот.

Зошто на моето дете му е потребно да се изработи коронка?
Нејзината изработка е потребна кога:
-природниот заб е многу деструиран и неговата реставрација со класични полнења со пломба е оневозможена;
-кај ендодонтски лекувани заби.

Што добиваме кога ќе изработиме коронка?
Коронките ги реставрираат големината, формата и функцијата за забот.
Ги одржуваат млечните заби на нивната положба и го насочуваат растот на трајната дентиција. Тие придонесуваат за нормален развој на зглобовите и мускулите и правилен развој на говорот. Коронките се императив за џвакање на храната.

Како изгледаат?
Коронките се специјално дизајнирани, функционално и естетски, за во одреден период да ја извршуваат функцијата на природниот заб.
Постојат неколку типа коронки: метал-керамички и безметални коронки.

Што се случува во текот на третманот, дали е болна целата интервенција?
Интервенцијата се изведува со локална анестезија. Се препарира забот, т.е. се отстранува деструираниот дел и се обезбедува простор за идната вештачка коронка. Се зема отпечаток со специјална смеса.

Дали постојат алтернативни решенија за коронка?
Постојат класични композитни полнења (пломби), но доколку забот е премногу деструиран, не би можел да се заштити со пломба.

Подготовката од страна на родителите за соработката на детето е главен и основен услов за успешна изработка. Родители, внимавајте на млечните заби на вашите деца, со тоа ќе стекнат доживотна навика за важноста на трајните заби.



912

X