Игротека

Најчести митови поврзани со спиењето на бебето

Кога конечно им кажавте на пријателите и семејството дека сте бремени, тие ве опсипуваа со пораки, сите со најдобра намера: „Честитки!“ „Многу сме возбудени за тебе!“ Но, ќе има и такви што веднаш ќе ве предупредат во врска со спиењето: „Наспиј се додека можеш затоа што кога ќе се роди бебето…“

Кога ќе пристигне бебето, првиот проблем со кој се соочувате е недостиг на сон. Се разбира, ќе пребарувате на интернет за сите достапни совети. Но, постојат некои митови кои се провлекуваат низ текстовите за спиење со децении:

Мит #1: Ако бебето спие предолго во текот на денот, ќе биде будно цела ноќ

Факт: Ова не е вистина. Веројатно сте ја слушнале изреката „сонот раѓа сон“, а тоа е затоа што на бебињата им треба многу сон, а некои новороденчиња спијат и до 18 часа на ден. Ако ја пронајдете вистинската рамнотежа на дневниот и ноќниот сон, вашето дете всушност ќе спие повеќе бидејќи е добро одморено – и ќе имате часови слободно време во тој процес! Спротивно на тоа, преуморното бебе ќе протестира и ќе ви биде потешко да го заспиете. Повеќето бебиња на возраст под шест месеци не треба да бидат будни повеќе од 2 до 2,5 часа и треба да спијат од 3 до 5 часа на ден. Накратко: Не будете го бебето, во никој случај!

Мит #2: Краток дневен сон, непроспиени ноќи

Факт: Не мора да значи! Навистина зависи од тоа дали бебето е премногу уморно или не. Ако бебето се буди ноќе на секој час и дреме кратко во текот на денот, тоа е премногу уморно. Ако бебето спие добро навечер (3 до 5 часа) и дреме во текот на денот (обично од 30 до 45 минути неколку пати), тоа не е премногу уморно. Често родителите сакаат да ги постигнат стандардите од 2 до 3 часа дневен сон. Но, еве го фактот: додека бебињата не наполнат шест месеци, долгодневниот сон можеби нема да биде возможен! Затоа, земете здив и знајте дека навременото реагирање на првите знаци на поспаност најверојатно ќе го зачува вашиот ноќен сон.

Мит #3: Легнување доцна навечер, спиење до доцна наутро

Факт: Ова воопшто не е така. Децата имаат природен ритам, еден вид внатрешен часовник кој му кажува на телото кога да се разбуди и кога да спие. Она што им го кажува телото е дека сакаат рано да заспијат и рано да се разбудат. Легнувањето подоцна обично завршува со губење на сонот бидејќи децата и онака ќе станат во исто време. Следете го ритамот на вашето бебе. Ако бебето се буди од 6 до 7 наутро секој ден, тоа е нормално.

Мит #4: Откако ќе се навикне, бебето секогаш ќе се буди во исто време

Факт: Колку би било убаво ова да е вистина. Бебињата се луѓе, а не роботи. Растењето на забите, болести и развојните пресвртници (скок во развој) речиси секогаш создаваат нарушувања во спиењето. Во основа, добрите навики водат до добар сон, но родителите често очекуваат чудо! Колку е пофлексибилно, поотворено и поприфатено сето ова, толку подобро. На крајот на краиштата, детето ќе ја почувствува вашата енергија и ќе се усогласи со неа.

И, за крај, бебињата ќе спијат цела ноќ

Факт е дека ако детето е навикнато на хранење, нишање или цуцла пред спиење, ќе бара да се повторуваат овие ритуали. На крајот, тие ритуали сами по себе ќе ги отфрли и ќе почне да спие цела ноќ, а со тоа и вие.

Автор: Ѕвездана Бубњар
Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top