Новинарката Антонија Поповска ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата Малата Мелиса има само една желба: „Сакам да одам на училиште како сите деца“ ,која  ја доделува Македонска платформа против сиромаштијата (МППС). Приказната го опишува животот на девојче кое е надвор од образовниот систем зашто нема документи. Мелиса расте заедно со нејзините пет браќа и сестри и нејзината невработена мајка, а оди во Дневниот центар за деца на улица во Кисела Вода.

Антонија Поповска

Оваа година МППС одлучи да награди 10 новинари, поради квалитетот и важноста на сториите што се обработени. Освен Поповска, награди добија и: Анета Ристевска – Лице в лице; Христина Ѓорѓиевска – Види Вака; Ангела Рајчевска – СКУП Македонија, Зоран Јованоски – 360 Степени, Никола Здравковиќ – 360 Степени, Петар Клинчарски – 360 Степени, Ивана Настеска – Види Вака, Војислав Мојсовски – веб-редакција Слободен печат и Теодора Цветковска -ТВ Телма.

МППС доделува награди за новинари што пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето што ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Наградената приказна може да ја прочитате на овој ЛИНК.



912

X