Образование

Надареното дете најчесто е кловнот во одделението, вели д-р Ребека Елис

Тоа е ученикот кој најчесто го малтретира наставникот, тоа е кловнот во одделението, тој што постојано пречи на часот, се жали дека му е досадно, или е повлечен, интровертен, слабо комуницира. За жал, често овие учениците се дел од високите 95 отсто надарени деца што системот не ги препознава, а најчесто така поминуваат и низ животот.
– Тие имаат различен мозок од другите. Затоа класичната училница за нив најчесто е токсична – вели д-р Ребека Елис, истражувач и соработник на универзитетите „Џон Хопкинс“ и „Њу Орлеанс“ во Соединетите Американски Држави и соработничка на канцеларијата на УНИЦЕФ во нашата земја.

Д-р Елис зборува за своето искуство со надарени и талентирани деца, за разликата меѓу надарени и талентирани деца, за тоа како да се постапува со нив, која е најдобрата возраст да се скенира и да се почне да се работи со овие деца…

Прочитајте го целото интервју на Факултети.мк.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top