Има многу тешки животни ситуации кои воопшто не е лесно да им се пренесат на децата. Потребно е да се најде вистинскиот начин да се спакува болната вистина во шарено пакување, а од друга страна, и да се биде што поискрен и поотворен.
Своите сведоштва на оваа тема ги споделуваат родителите на социјалните мрежи, а тука издвојуваме седум од најинтересните.
Дедо Мраз не постои
Можеби звучи глупаво, но учењето дека Дедо Мраз не постои може да биде навистина трауматично за децата.
„Моите две поголеми деца постепено дојдоа до заклучок, но мојот најмлад син плачеше цела ноќ по минатиот Божиќ и бараше да му ја кажам вистината“, вели еден родител.
Криење финансиски проблеми од децата
„Моите родители ме заштитија од нашата финансиска ситуација. Од друга страна, родителите на мојот сопруг споделувале речиси сè со него. И додека тој бил под стрес поради тоа како дете, на крајот ме научи мене на штедливост и вредноста на парите.“
Немање одговор на секое прашање
„Кога бев мал, ги прашав моите родители дали можат да ми објаснат што е Пи. Тие рекоа дека не знаат. Оттогаш им поставував тешки прашања секој ден и бев изненаден секојпат кога дознав дека нешто не знаат“.
Кажувањето на детето дека може да биде што сака во животот
-Јас тоа го формулирав поинаку. Му реков на син ми дека има можност да биде што сака. Тоа не е исто како да кажеш нешто што „може да биде“. Сакав да разбере дека ќе мора да се посвети и дека ќе му треба способност да постигне одредени работи, но дека сè е можно.

И родителите имаат стравови
„Се плашам дека ќе умрам пред да ги видам моите деца пораснати. Татко ми почина кога имав 18 години, а мажите во моето семејство генерално не живеат долго. Сакам да разговарам со нив за длабоки работи и да ги видам како дипломираат на факултет или како ја сретнуваат љубовта на својот живот“.
Кажување на детето дека е посвоено
„Буквално, од моментот кога ги посвоивме нашите деца, почнавме да зборуваме за посвојување. Зошто? Затоа што колку побрзо започнете, толку полесно се навикнувате на разговорот и терминологијата. Кога мојата постара ќерка беше бебе, ѝ кажував колку ми е мило што сме ја посвоиле и дека таа е најдоброто нешто што ни се случило“.
Криење здравствени проблеми од детето
„Родителите не сакаат нивните деца да се плашат, што е најчеста емоција кога на млад човек му се кажува дека може да изгуби родител. Детето не се грижи за болничките сметки, како да организира погреб или кој ќе ја преземе грижата за него, како што тоа го прави возрасно лице. Тие се едноставно исплашени и многу тажни“.