Обврски на работното место, задачи низ домот кои постојано се трупаат, деца кои бараат и плачат што ве исцрпуваат до максимум… Сето ова може да ги доведе мајките на работ на нервите. Се подразбира дека на секоја мајка одвреме-навреме ѝ е потребен добар одмор. И не само што ѝ е потребен, туку секоја мајка и го заслужува.
Многу мајки често се борат со чувството на вина ако размислуваат за себе и за своите потреби. Понекогаш за тоа е одговорна нивната околина, па заклучуваат дека можат да се игнорираат себеси и своите потреби кога ќе пристигне детето. Но, тоа не е добро. Мајките мора да разберат дека љубовта и грижата за сопственото тело позитивно влијаат врз целото семејство. На сите им треба одмор, особено на мајките.
Масажата како лек против стрес и депресија
Што е првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе се спомене релаксација? За некои тоа е прошетка во природа, кафе со пријателите или топла бања, а за други масажа.
Покрај тоа што ќе имате време за себе, масажата носи и многу други придобивки. Дури и науката потврди дека на мајките им е потребна масажа. Таа има релаксирачки ефект и ги зголемува серотонинот и допаминот, важни хормони кои придонесуваат за подобро расположение. Ова е, исто така, една од причините зошто се чувствуваме толку опуштени и полни со енергија по секоја масажа.
Масажата во бременоста е еднакво важна
Истражувањето спроведено на оваа тема покажа дека масажата за време на бременоста носи многу придобивки. Во првиот и вториот триместар професионалните масерки препорачуваат одење на пренатална масажа на секои 10 до 15 дена, а во последните месеци од бременоста еднаш неделно поради зголемени болки во нозете и во грбот.
Само еден час масажа неделно ќе ви помогне да се ослободите од стресот, подобро да се концентрирате на работата и полесно да се справите со стресните ситуации. Ако не сакате стресот и фрустрацијата да влијаат врз вас, но и врз вашите деца, мора да работите на вашата внатрешна рамнотежа. Еден од најдобрите начини да се постигне тоа е масажата, заклучуваат експертите.
912