Воспитување

На која возраст детето не треба да ги гледа своите родители голи

Кога сте млада мајка, да се биде без облека пред бебето е сосема природна работа. Дури и на возраст од две и три години, многу од нас не размислуваат двапати пред да се соблечат пред своето дете или да одат во тоалет со придружба.
Но, кога детето ќе порасне, дали родителот треба да биде тој што ќе постави граници и ќе избегнува соблекување пред детето?

Една позитивна работа кога детето ве гледа без облека е тоа што ќе ја види реалната слика за женското тело, која прилично се разликува од онаа што се поставува во медиумите како идеална, вели мајката блогерка Констанца Хал, која има два милиона следбеници на социјалните мрежи. За девојчињата, важно е да знаат дека од нив не се очекува совршенство во физичка смисла и дека тоа не е најважната работа во светот, а за момчињата, дека тоа не треба да го бараат од жените, ниту пак да го очекуваат.

Кога децата ве гледаат без облека, тоа испраќа уште една добра порака. А тоа е дека вие немате проблем со тоа како изгледате, задоволни сте со себе без разлика на малите несовршености. Тоа е еден од милионите начини да му пренесете самодоверба на вашето дете.
Сето ова не значи дека пред тинејџерите треба да се шетате голи.

Кога е моментот да почнете да се соблекувате со затворена врата?
Не постои точна возраст на детето кога можете да кажете дека тој момент дојде. Но како децата стануваат поголеми, повеќето од нив ќе почнат да стануваат природно срамежливи кога се работи за сопственото, па и за туѓото тело.

Децата помали од четири години се отворени и љубопитни кога станува збор за телото, според психолозите, но на возраст од пет и повеќе почнуваат да покажуваат почит кон приватноста. Понекогаш децата ќе ви кажат дека не им е пријатно да се соблекувате во нивно присуство („Ај облечи се мамо!“).

Ако почнат да ја затвораат вратата додека се облекуваат и ја одбиваат вашата помош кога се тушираат, можеби всушност се обидуваат да ви кажат дека не се чувствуваат пријатно ако пред вас се без облека (или вие пред нив).
Една опција е да му дадете избор на детето. Кажете му дека ќе се соблекувате, а тоа само да одлучи дали ќе ја напушти просторијата. Се разбира, ова има смисла кога станува збор за помали деца. Во ситуациите кога имате дете на 10-годишна возраст, ако само тоа не го направи, тогаш вие мора да поставите граница.

Но, што е со спротивниот пол? Да речеме, во ред е кога мајката е без облека пред својата ќерка, но истото тоа е неприфатливо за таткото? Повторно, нема тука некои јасни правила, но мајките би требало да се трудат и да бидат „пристојно“ облечени во присуство на своите синови, а татковците во присуство на ќерките.

Што се однесува до експертите, психолозите, тие велат дека кај секое семејство важат различни правила.
Доктор Кери Тејлор вели:
– Ако вашето дете покаже дека му е непријатно кога ќе ве види без облека – што обично зависи од некои норми кои како семејство ги почитувате и од тоа дали е детето од ист или различен пол, тогаш трудете се да бидете облечени, тоа е подобро отколку да ги игнорирате неговите ставови и да му ја наметнувате голотијата како тоа да е нормална работа“ .

Поврзани написи

To top