Родителските групи на „Вибер“ станаа нешто што се чини дека е неопходно во денешно време. Сакале или не, ако сте родител, сигурно ќе завршите во група на „Вибер“ од училиште или градинка и сигурно одвреме-навреме ќе откривате дека имате 843 непрочитани пораки на разни теми – за тоа што да ѝ купите на наставничката за 8 Март, каде да се купи, кој ќе ѝ го купи, чие дете и зошто добило 4+, колку џепарлак да земат децата за настава во природа… Значи, нема крај.
Тука е и онаа познатата – учителката вели да се јави тој што не го добил мејлот со распоредот, па следуваат 25 одговори – ние го добивме.
Секако, овие вибер-групи можат да бидат и корисни бидејќи многу прашања и дилеми можат брзо да се решат на едно место. Сепак, многу често се случува работите да одат предалеку. Доказ за тоа е фотографија која деновиве кружи на социјалните мрежи во Србија. Автор на пораката која постојано се споделува на мрежите е татко, редок примерок во родителските групи на „Вибер“, би рекол некој.
Имено, тој веројатно како единствениот татко во групата, се заситил од постојаното пристигнување на пораките, па им се обратил на сите членови на групата:
Ovaj čovek je moj heroj pic.twitter.com/6YlN0fZBiJ
— Ана (@cyanophtalma) December 2, 2022
„Драги мајки, се чини дека сум единствениот татко во оваа група. Би сакал да ве замолам да се намали со допишување. Ниту можам ниту имам време да ги проследам 125. пораки што беа испратени денес во оваа група“, го започнал своето излагање, а потоа додал:
„Ако треба да се купи килим, наставниците рекле зелен, зелен ќе биде и готово. Фотографирањето е на 20 декември и толку“, заклучил тој.
Овој татко добил многу пофалби за неговиот обид да реши сè за кратко време. И на крајот се огласиле и оние кои признаваат дека немаат храброст за тоа што тој го направил.