Професорот д-р Драган Иванов е специјалист по интерна медицина и основач и претседател на Вегетаријанското здружение „Еден“ во Нови Сад. Од раѓање, тој никогаш не јадел месо или риба, а неговите совети за здрав живот внимателно ги слушаат многу луѓе.
Еве што раскажал тој за некои основни принципи што треба да ги почитуваме ако сакаме да живееме здрав и долг живот.
-Навечер, треба да си легнуваме навреме, особено децата и младите во пубертет. Важно е да си легнуваме пред 22-23 часот. Кога си легнуваме навреме, ќе се наспиеме доволно, ќе се синтетизира мелатонинот и заедно со хормонот за раст, ќе го регенерира нашиот мозок и целото тело. Штом станеме наутро, треба да го вклучиме мозокот. Како? Па, со тоа што ќе му дадеме енергија. Најдобар извор на енергија за нашиот мозок и целото тело се медот и овошјето. Нашиот мозок работи исклучиво на гликоза. Затоа, децата не треба да одат на училиште, ниту да почнат да прават нешто без да ги внесат природните, непреработени јаглехидрати што се наоѓаат во медот, овошјето и интегралните житарки – објаснил д-р Иванов.
Затоа, не треба да го прескокнуваме појадокот и треба да одиме на работа со велосипед или пеш.
-Можеби ќе изгубиме малку повеќе време, но работиме две работи. Одиме на работа, а во исто време се рекреираме и сме на сонце. Ако работиме некоја седечка работа, треба да бидеме свесни дека по 3-4 часа седење, 80 % од мозокот е инхибиран – исклучен. Треба да престанеме со тоа седење и гледање во екранот или документите и да вежбаме 5-10 минути. На овој начин мозокот повторно ќе се активира и ќе ги извршуваме сите овие работи поефикасно – истакнува овој доктор.
Тој вели дека е многу важно секој ден да наоѓаме време за физичка активност што ќе трае од 45 до 60 минути, но и за престој на сонце. Идеално време е кога сонцето изгрева и кога заоѓа.
-Тогаш сонцето е во нашето видно поле, ќе се синтетизира витаминот Д, но поважно, мелатонин и серотонин – објаснува проф. Иванов.

Кога е време за ручек, најдобро е да се изберат мешунки, а да се прескокне вечерата, истакнува докторот. Тој се осврнува и на темата за емоциите, за кои тврди дека можат да бидат токсични како високиот холестерол и чадот од тутун.
-Изолацијата и осаменоста, несмасноста во комуникацијата со други луѓе се потоксични за нашето здравје од чадот од тутун. Нема да им даваме марихуана на 7-годишни деца, но им даваме друг токсин кој е поопасен од марихуаната. А тоа е прекумерната употреба на електронски уреди и социјални мрежи. Тоа е потоксично за децата отколку пушењето марихуана – тврди д-р Иванов.
Како што вели тој, јасно е дека мора да ја користиме таа технологија, но треба да одвоиме дел од денот за тоа, а потоа и пред тоа треба да ги оставиме уредите и да обрнеме внимание на она што е најважно. А тоа се другите луѓе.
-Најголемата среќа и животна радост ја црпиме од односите со другите луѓе – заклучил овој доктор.