Игротека

На 33 години жената сфаќа дека нејзината мајка е во право, а на 35 години се претвора во неа

Позната е изреката дека мајката знае најдобро. Но, на жените им се потребни 33 години за конечно да го признаат тоа. Две години подоцна, на 35-годишна возраст, повеќето жени се претвораат во своите мајки, открива најновото истражување спроведено од „Петит Филоус“. Од друга страна, мажите почнуваат да наликуваат на нивните татковци на 37 години.

Истражувањето открива дека 82 отсто од мајките и татковците им ги кажуваат на децата истите зборови што ги слушале тие кога биле деца, иако си рекле дека никогаш нема да го направат тоа.

Најчесто повторуваните зборови се: „Парите не растат на дрво“ и „Измиј ги рацете“. Тука се и „Затвори ја вратата, не си роден во кајче“, „Не јади го тоа, ќе си го расипеш ручекот“, „Бидејќи јас реков така“ и „Не сум твој роб“.

90 отсто од испитаниците изјавиле дека почнале вистински да ги ценат своите родители кога и самите станале родители, повеќето пред 28 години. Речиси 75 отсто од нив не знаеле како ќе изгледа родителството, а 14 отсто велат дека биле подготвени за децата и за сето она што го носи родителството.

Истражувањето покажало и дека 40 отсто од испитаниците сметаат дека се помалку строги кон децата отколку што биле нивните родители кон нив, а 40 отсто истакнуваат дека нивните деца се хранат поздраво.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top