Образование

Најважната лекција на една учителка – моќта на љубезните зборови

Еден ден учителката ги замолила учениците да ги напишат имињата на сите свои соученици на парче хартија, оставајќи малку простор до секое име.

Потоа им рекла да напишат едно, најубаво нешто што можат да го кажат за таа личност до секое име.

Поминале цел час на таа задача. На крајот, секој ги предал своите листови. За време на викендот, учителката седнала и ги запишала сите убави зборови на посебни листови – така што секој ученик да добие парче хартија со комплименти.

Во понеделникот им ги поделила листови. Набрзо се појавиле насмевки.

-Дали некој навистина мисли така за мене?
-Не знаев дека некому му значам толку многу.
-Не знаев дека другите ме сакаат толку многу.

Никогаш повеќе не се вратиле на таа тема. Учителката не знаела дали децата им ги покажале листовите на своите родители дома или ги чувале за себе, но тоа не било важно. Целта била постигната – сите се чувствувале важни и ценети.

Поминале години.

Еден од тие ученици, Марко, трагично загинал во сообраќајна несреќа враќајќи се од работа. Учителката отишла на неговиот погреб. Никогаш порано не видела толку млад човек во ковчег. Изгледал зрело, а истовремено и болно невино… Црквата била полна со луѓе. Еден по еден се приближувале за да се збогуваат за последен пат. Таа последна го направила тоа.

Тогаш еден од пријателите на Марко ѝ се приближил:

-Дали вие бевте неговата учителка?

Таа кимнала со главата.

-Често зборуваше за вас – рекол тој.

По церемонијата, поранешните школски пријатели се собрале кај родителите на Марко. Таткото го извадил паричникот и рекол:

-Сакаме да ви покажеме нешто. Го најдовме ова кај него кога си замина.

Од паричникот извадил две стари, истрошени хартии, превиткани и расклопени многу пати. Учителката веднаш ги препознала – тоа биле хартиите полни со убави зборови што неговите пријатели му ги напишале пред многу години.

-Ви благодариме што го направивте тоа. Како што гледате, тој секогаш ги носеше со себе – рекла мајката на Марко.

Потоа се појавијале други.

-И јас сè уште го имам мојот лист. Го чувам во фиоката на моето биро.
-Мојот сопруг побара да го ставиме мојот во нашиот свадбен албум.
-Мојот е во мојот дневник.

Една од девојките го извадила паричникот од чантата и ѝ го покажала стутканиот лист.

-Секогаш го носам со мене.

Учителката седнала и плачела. Плачела за Марко и за сите оние што никогаш повеќе нема да ги види.

Живееме во свет кој е толку напорен што често забораваме дека животот има крај. И никој не знае кога ќе дојде тој ден.

Затоа – кажете им на вашите најблиски колку ви значат. Кажете им денес. Не чекајте да не биде предоцна.

Извор

Поврзани написи

To top