Здравје

Најдолгата регистрирана бременост: Го носела бебето повеќе од една година, породувањето ги изненадило дури и лекарите

За многу жени, бременоста е благослов, додека други не се сеќаваат со задоволство на тој период поради разни компликации. Сепак, Бјула Хантер поминала низ сосема поинакво искуство. За разлика од повеќето мајки што се бремени девет месеци, таа го носела своето бебе една година и 10 дена.

Во 1945 година Бјула Хантер влегла во медицинската историја како жена со најдолгата регистрирана бременост што резултирала со раѓање здраво дете. Се породила на 25 години, а породувањето поминало без никакви компликации, што ги изненадило дури и лекарите. Прво се посомневала дека е бремена кога почнала да чувствува утринска мачнина – била бремена само два месеца.

Она што е особено интересно е фактот дека нејзината бременост траела неверојатни 375 дена, што е повеќе од една година, или околу 100 дена подолго од просечната бременост која обично трае 280 дена (околу 40 недели).

Редовно одела на прегледи и не ја занемарувала медицинската нега. Признала дека почнала да ги чувствува движењата на бебето дури околу шестиот месец од бременоста, иако цело време се чувствувала добро. Подоцна се покажало дека срцето на бебето почнало да чука дури во седмиот месец од бременоста. Поради ова, лекарите ја изнеле теоријата дека Бјула можеби имала спонтан абортус, по што многу брзо повторно забременила.

Ова би можело да објасни зошто се породила по 375 дена, но лабораториските тестови го отфрлиле тоа бидејќи јасно го покажале датумот на нејзината последна менструација, што утврдило дека бременоста била континуирана.

На 21 февруари 1945 година, во болница во Лос Анџелес, Беула родила здраво девојче по име Пени Дајана, тешко нешто повеќе од три килограми. Тежината на бебето била во согласност со просечната тежина на новороденчињата.

Секако, имало шпекулации дека сето тоа можеби е измама, но медицинскиот печат на извештајот потврдил дека Бјула навистина била бремена 375 дена.

Беула Хантер сè уште се смета за жена со најдолгата документирана бременост во историјата. Во 2016 година Кинезинката Ванг Ши тврдела дека е бремена дури 17 месеци, но одбила ултразвук како доказ, па нејзиното тврдење никогаш не било признато.

Бјула починала во 1998 година на 78-годишна возраст, но нејзиниот случај продолжува да предизвикува интерес и проучување во медицинските кругови.

Извор

Поврзани написи

To top