Ако сакате да го почувствувате празничниот дух со вашите деца во деновите околу Божиќ, нема подобар или попријатен начин од тоа да облечете пижами, да земете грицки и да се соберете околу телевизорот за гледање празничен филм.
Ова е листа од некои од омилените божиќни филмови за деца, почнувајќи од некои класици до посовремени наслови.
„Поларен експрес“ (2004)
Анимиран филм за едно младо момче кое се вози на фантастичен воз до Северниот Пол.
„Прекрасен живот“ (1946)
Несреќниот татко Џорџ Бејли гласно посакува никогаш да не се родил, а филмот го следи овој тек. Добрата вест е дека „Прекрасен живот“ завршува позитивно, благодарение на помошта на ангелот Кларенс Одбоди.
„Виленикот на полицата: Приказната за еден виленик“ (2011)
Чипи се наоѓа во домот на момче кое е скептично и кон божиќната магија и кон Дедо Мраз. Па така, прекрасниот почетник елф бара помош од своите пријатели и од Дедо Мраз, за да покаже колку прекрасно може да биде ова време од годината.
„Љубопитниот Џорџ: Мајмунест Божиќ“ (2009)
Ова е првиот Божиќ на Џорџ, а Човекот со жолта шапка е решен да му го подари најдобриот празник досега. Секако, тоа не значи дека сезоната нема да подразбира добар дел на будалаштини, особено кога во тоа е вклучен љубопитен мајмун.
„Божиќ во стилот на Чарли Браун“ (1965)
Чарли Браун е очаен. Решението на Луси? Режирај го училишниот божиќен натпревар, а потоа почнуваат авантурите.
„Божиќна приказна“ (1983)
Сè што Ралфи Паркер сака за Божиќ е воздушна пушка со 200 куршуми. Тој е опседнат со неа, но наидува на отпор и неверица од возрасните, кои му велат дека е опасно.
„Виленик“ (2003)
Барате најсмешен божиќен филм? Размислете за овој модерен класик. Откако ќе се протне во вреќата на Дедо Мраз, Бади е одгледуван од виленици, а потоа приказната си започнува со својот тек.
„Рудолф, Гринч и Фрости“ (1964, 1966, 1969)
Пристигнувањето на ова трио од филмови секоја година е споредливо со доаѓањето на тројцата мудреци. Магионичарска шапка одлетува и слетува врз еден снешко, со што се оживува Фрости.
„Сам дома“ (1990)
Кога најмладото дете во големо семејство е оставено дома, тоа јаде премногу нездрава храна и самостојно ја брани својата куќа од крадци. Она што можело да биде кошмар – да бидете заборавени од вашето семејство – се претвора во незаборавна авантура.

„Чудото од 34-тата улица“ (1947)
Вербата се судира со модерната објективност кога Крис Крингл е ангажиран да биде Дедо Мраз во продавницата „Мејсис“. Вистинскиот Дедо Мраз добива студен прием во реалниот свет и е изведен пред суд во Врховниот суд. Дали ќе ги освои срцата на луѓето или ќе биде прогласен за луд?
„Кошмарот пред Божиќ“ (1993)
Божиќ добива злобна преобразба кога Џек Скелинтон, Кралот на тиквите од Ноќта на вештерките, се судира со соседниот злобник Кристмаунд. Резултатот е фантастичен спој од анимација и восхитувачки морничави изненадувања. Едно од неверојатните дела на режисерот Тим Бартон.
Автор: Сулејн Мој