Велат дека мајката знае најдобро, а таа реченица често се докажува како вистинита кога станува збор за љубовта и врските. Мајките често се наши најголеми обожаватели, но и наши најискрени критичари. Често ги носиме нивните зборови со нас низ животот, особено кога се наоѓаме во неизвесни и емотивни ситуации.
Иако времињата се менуваат, некои совети дадени од мајките од таканаречената генерација бејби-бумери останаа безвремени. Следуваат десет животни лекции што ќерките ги запомнуваат и со текот на годините сфаќаат дека нивните мајки биле во право.
„Со кого си, таков си“
Ана се сеќава како нејзината мајка ѝ рекла: „Сличниот на сличен се радува“. Тој совет ѝ е многу појасен денес.
-Мајка ми всушност ме предупреди да обрнам внимание на тоа кој со кого се дружи. Ако нивното друштво е сомнително, има голема веројатност дека делат исти вредности. Денес, прво гледам кој какви пријатели има и кого цени.
„Биди независна, а потоа впушти се во врска“
Каи признава дека нејзината мајка и сестрите не секогаш имале најдобри совети, но друга жена што ја смета за ментор ѝ го променила нејзиниот поглед на љубовта засекогаш.
-Таа ми кажа дека независноста е клучот за среќна врска. Кога сум стабилна и сигурна во себе, јас сум со мојот партнер затоа што го сакам, а не затоа што ми треба.
„Никогаш не дозволувај врската да ти ја уништи самодовербата“
Џесика се сеќава на советот што нејзината мајка ѝ го дала по раскинувањето.
-Таа рече: „Не дозволувај врската да те направи несигурна.“ Не можев да ја слушам во тоа време, но сега знам колку е важно. Вашата самодоверба треба да остане недопрена, без разлика како завршила врската.
„Твојата вистинска природа и карактер се покажуваат кога работите тргнуваат наопаку“
Шенон доаѓа од азиско семејство, а нејзината мајка имала интересен начин да го тестира нејзиниот карактер.
-Ми рече да гледам како се однесува некој кога губи, на пример, за време на игра. Игравме маџонг, а мајка ми рече дека тогаш гледам кој е трпелив, кој лесно се лути и како се справува со поразот, исто како во реалниот живот.
„Внимавај како се однесува кон кучиња и кон својата мајка“
Мараја отсекогаш се потпирала на зборовите на нејзината мајка.
-Таа ми кажа две работи: не верувај му на маж кој не ги сака кучињата и внимавај како се однесува кон својата мајка, бидејќи така ќе се однесува кон тебе.
„Виното е одлично, но не е дечко“
Британи се сеќава на шега од нејзината мајка која се претворила во корисна лекција.
-Мама ми велеше: „Го сакам виното, но не би излегувала со вино.“ Мислеше дека не треба да бидам со некој што ја сака чашата повеќе од мене.
„Ако не е нежен со тебе, можеби е нежен со некоја друга“
Кејси имала дечко кој сакал алкохол кога бил на факултет, а нивната интимна врска била лоша.
Мајка ми еднаш ми рече:
-Ако тој не е близок со тебе, тогаш е со некоја друга“. Колку и да звучи сурово, таа беше во право. Научив да ги слушам моите инстинкти.

„Љубовта започнува со тебе“
Алекс вели дека нејзината мајка ја научила на важна лекција.
-Ми кажа дека прво мора да се сакаш себеси пред да можеш навистина да сакаш некој друг. Исто така, мора да бидеш трпелива – и со себе и со твојот партнер.
„Биди со оној што те сака повеќе“
Елизабет се сеќава на изрека од нејзината сестра, која ја смета за своја втора мајка.
-Ми рече: „Биди со некој што те сака повеќе отколку што ти го сакаш него.“ Не мислеше дека не треба да ја сакам таа личност, туку дека ми треба некој што ќе ме цени исто толку силно“.
„Твојот партнер треба да мисли дека си најдобрата личност на светот“
Џени се сеќава на советите на нејзината тетка.
-Таа ми рече дека вистинската личност треба да ме гледа како свој најдобар пријател. И јас треба да го чувствувам истото за него. Кога се гледате еден со друг на тој начин, врската има вистинска моќ.