Да се биде возрасен не е секогаш лесно. Понекогаш посакуваме нашите родители да ни се близу за да ни помогнат. Но, често тоа е невозможно. Во тој случај, добро би било да има родител за изнајмување.

Токму тоа го нуди Џеф Јаблон. За 80 долари на час, Џеф ќе склопи мебел, ќе го прегледа вашето сиви и ќе ви помогне во што било што ќе побарате. Тој е достапен да им помогне на сите на кои им е потребна татковска помош или совет.

Јаблон започнал со неговата работа наречена „татко за изнајмување“ во 2018 година. Откако неговите деца пораснале и откако тој се пензионирал, открил дека да се биде родител е нешто што секогаш го прави среќен.

– За мене, „изнајми татко“ е совршен начин да ги комбинирам моите вештини за решавање проблеми со страста да бидам од некаква помош – вели тој.

„Изнајми татко“ може да функционира и како изнајмување заштитно лице како родител. Најнеобичниот ангажман на Јаблон бил од матурант на кој му требал татко да присуствува на родителска.

– Момчето објасни дека неговите родители се строги и бидејќи неговите оценки биле лоши, се плашел да им каже за родителската. Но, навистина сакаше да присуствува некој возрасен и да му даде совети и насоки. Сакаше да има морална поддршка и да поставува прашања што би ги поставувал родителот, па да ја добие потребната повратна информација. Тоа е она што го направив – вели Јаблон.

Извор



912

X