Игротека

Му го разубавил пасошот на татко си, па заглавиле во Јужна Кореја

Дека на децата треба да им најдете занимација на патувањата, сведочи и овој случај. Кога нема забава, децата стануваат креативни и сами си ја наоѓаат. Но, тогаш фамилијарното патување може да тргне во неочекуван правец, како и патувањето во Јужна Кореја на ова семејство кога 4-годишниот син му го разубавил пасошот на татко си.

Татко и син од Кина сега се заглавени во Јужна Кореја зашто детето со црно пенкало нацртало, според некои, многу добри слики на идентификациската страница на пасошот на татко си, а малку ја „уредило“ и сликата.
Понекое влакно на главата, понекое на брадата – до непрепознатливост на таткото Чен, кому корејските власти му соопштиле дека не можат да го пуштат преку граница со таков пасош.

Заробен во Јужна Кореја, Чен побара помош преку друштвените мрежи, каде што и го објави ремек-делото на својот син.
Остатокот од празниците веројатно ќе ги помине на телефон со кинеската амбасада. Корисниците на друштвените мрежи се надеваат дека на следното патување ќе му понесе квалитетна боенка на својот син.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top