Мајка по име Линзи им дозволува на своите деца да чкртаат по ѕидовите во домот и никогаш не би им купила табла. Нејзиното признание изненади многумина, но таа појаснила што се крие зад ваквата одлука.
Нејзиниот тригодишен син Харисон има аутизам, а Линзи смета дека цртањето на ѕидовите е „негов начин на комуникација“.
„Дали некогаш сме размислувале да ги насликаме ѕидовите со боја што би биле имитација на табла? Тоа е прашањето што најмногу ни го поставуваат. Одговорот е не“, рекла таа.
„Не сакаме креда, не ни се допаѓа нејзината текстура, не сакаме прашина од креда на килимот и не сакаме да користиме фломастери или креда на нашата постелнина“, додала таа.
Она што таа не го разбира е зошто другите се грижат толку многу за нејзините ѕидови. „Користиме бои што може да се перат. Кога би сакале да ги промениме своите ѕидови, би го сториле тоа“.
Многумина ја критикуваат што му дозволува на синот да црта по ѕидовите, но има и такви што ја разбираат.
„Треба да знаете да му кажете НЕ на детето“, „Тоа предизвикува домот да ви изгледа валкано“, велат оние што не се согласуваат со нејзиниот став.
„Се приспособивте на потребите на детето, што повеќе да побарате од една мајка. Супер сте“, „Не ги разбирам возрасните на кои им пречи начинот на кој децата ја изразуваат својата креативност“, велат оние што ја поддржуваат.