Игротека

Му дала задача на својот син да купи 10 работи за роденденот на неговиот татко – видеото насмеало многумина

Лаура Николс ги насмеала корисниците на „Тик-ток“ со видеото од нејзиниот син Хенри како купува подароци за роденденот на неговиот татко во продавница. Лора му кажала на својот син дека мора да избере десет работи за својот татко, а слаткиот Хенри не разочарал никого со неговиот креативен избор на предмети.

Неговиот список со подароци вклучувал предмети како храна и играчки за домашни миленици, освежувачи за воздух, производи за чистење, гел за туширање, детски играчки и собна светилка, сè што навистина не му требало на татко му, но Лаура му дозволила да избере што сака и да го развесели со креативни подароци.

Видеото од слаткиот Хенри станало вирално, а неговите подароци предизвикале смеа кај илјадници луѓе кои мислат дека ова е забавна идеја и начин да се дознае повеќе за тоа како размислуваат децата. Погледнете го видеото.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top