Воспитување

МТСП: Се штрајкува во 54 градинки, но и таму се згрижуваат деца

Утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца – детски градинки, па така од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, штрајкот на дел од вработените се одвива во 54, а во 21 установа вработените воопшто не се приклучија кон штрајкот организиран од СОНК, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

– Само во една, односно во ЈОУДГ „Детска радост“, Гази Баба, Скопје, во текот на денот воопшто не се згрижуваа деца, а во ЈОУДГ „Пролет“ Карпош се згрижуваа деца само во еден објект. Во сите други предучилишни установи, и покрај штрајкот на вработените, непречено се одвива згрижувањето и воспитанието на децата -објаснија од ресорното министерство.

Оттаму посочија и дека целокупната состојба на терен потврдува дека установите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и ја извршуваат дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и при остварувањето на правото на штрајк обезбедуваат непречено одвивање на дејноста.

Заштитата на децата и нивните права останува да биде високо на агендата со приоритети на Министерството за труд и социјална политика.

Поврзани написи

To top