Воспитување

МТСП: Неподвижното дете чии родители го оставиле само е сместено во групен дом

Неподвижното 11-годишно дете кое, според пријавата во полиција, неговата мајка го оставила само во домот во Охрид, без надзор и храна, е сместено во мал групен дом, информира Министерството за труд и социјална политика информира.

– Стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом – велат од МТСП.

Вчера во полиција телефонски било дојавено дека 39-годишна жена од Охрид го оставила својот 11-годишен син, кој бил неподвижен, без никаква грижа, храна и надзор во својот дом на улицата „Питу Гули“.

Фото: Архива

Од полицијата информираат дека против мајката ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top